Ознака: асфалт

Бекатонските крпеници се заменуваат со асфалт

Post Views: 1 Конечно бекатонските крпеници на дупките низ локалните улици во Охрид, се заменуваат со асфалт. И покрај укажувањата на експертите дека потоплнивањето на дупките со бекатон е опасно по безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Локалната самоуправа на Охрид речиси цела 2014 и половина од 2015 година ја применуваа оваа пракса.  Како што нагласи, портпаролот на секоторот за комунални услуги улици и патишта Љупчо Танески, деновиве ќе биде надминат и тој проблем. „Со денешната и утрешната акција, најпрво ќе бидат асфалтирани површини што беа покриени со привремени бекатон...

Continue reading

dupki asfalt

Не издржаа бекатон плочките со кои локалната ги крпеше ударните дупки низ градов

Post Views: 2 Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт. Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време ќе...

Continue reading

pat Velestovo

Велестово виде асфалт после 32 години

Post Views: 2 Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од...

Continue reading

bekaton

Годинава старите бекатонски крпеници ќе се асфалтираат

Post Views: 0 Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи. Овој пат место бекатонските плочки какао досега се користат гранитни. Теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, од пред неколку дена ги крпат ударните дупки на улиците „7 ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“. Откако ќе се подобрат временските услови активностите ќе продолжеле по ул „Егејска“,  „Туристичка“,  „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и други улици на периферијата на општината....

Continue reading

bekaton

Асфалт, бекатон, гранит

Post Views: 0 Новост во крпењто на Ударните дупки во делови од градот.Отсега бекатонските крпеници ќе се заменат со гранитни. Улица со најмногу оштетувања но и со интервенции токму со бекатон плочки е булеварот „Туристичка“. Повеќе информации гледајте во дневникот на ТВМ. {loadposition content9}

Continue reading

risto cado

Улицата „Ристо Чадо“ во очајна состојба

Post Views: 6 Ристо Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување...

Continue reading

bekaton

Бекатонски крпеници, наместо асфалт

Post Views: 3 Ударните дупки во делови од градот наместо со асфалт во последно време се крпат со бекатон плочки. Таквите бекатонски крпеници најочигледни се на бул. Туристичка. Од Локалната самоуправа со свое објаснување. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека забелешките и укажувањата на граѓаните биле на место, но согласно одлука на Совет во периодот од 01 јули до 1 август имале забрана за изведување на поголеми градежни зафати. „Како што од Секторот за сообраќај и улици најавуваат во текот на овој месец или најдоцна до септември ќе треба да се пристапи кон изготвување на тендер за...

Continue reading

ulica sirma

Жителите од Сирма Војвода го бараат ветениот асфалт

Post Views: 0 Улицата „Сирма Војвода“, по се изгледа не е приоритет во работата на Секторот за сообраќај, патишта и улици, како што од таму најавија на крајот од минатата година, потсетуваат мештаните од оваа улица. Голем број згради и индивидуални куќи години наназад се оставени без асфалтиран пристапен пат.  И покрај подмирените комуналии децата од овој дел во зима газат по кал од дома за да стигнат до училиште, додека пак во лето стравуваат од змии, затоа што она што треба да претставува градска улица повеќе наликува на запуштена нива. „Еден град како Охрид, кој е град за респект,...

Continue reading

selani

Како лисицата со опашката

Post Views: 0 Жителите на улицата „Едвард Кардељ“ повторно се кренаа на нозе. На улицата се постави чакал, колку градоначалникот да ни ги замачка очите, велат тие. Жителите на улицата „Едвард Кардељ“ повторно се кренаа на нозе. Улицата сеуште е горлив проблем за граѓаните во селото Мислешево. ТвМ по иницијатива на селаните, информираше за овој проблем уште во декември минатата година. Тогаш, мештаните од Мислешево се пожалиа  со кои проблеми се соочуваат за време на зимскиот период. По извесно време, односно пред изборите, по улицата се постави чакал, но со тоа не се реши проблемот...

Continue reading

Recica

Жителите на Речица бараат санирање на ископувањата на патот кој води до селото

Post Views: 1 Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години. „Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа...

Continue reading

petrino

Ул „Петрино“ чека асфалт

Post Views: 2 Жителите на улицата Петрино речиси цела година чекаат асфалт. Оваа предизборно раскопана охридска улица, е дел од програмата за асфалтирање на улици и патишта на Локалната самоуправа што годинава треба да се реализира. Жителите забележуваат дека асфалтирањето на потег од 500 метри се одолговлекува и не знаеле до кога ќе трае истото. Тие наведоа неколку причини поради кои се чекало толку време за асфалтирање на улицата. Но, не ги оправдуваат надлежните поради доцнењето. „Малце подолго се одолговлече бидејќи уште од есенеска даден е налог оваа улица комплет со водоводно...

Continue reading

skrebatno

Нов асфалт до Скребатно

Post Views: 2 Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства. „Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top