Ознака: ја

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 1 Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“...

Continue reading

Дали Охрид ја заслужува ваквата слика?!

Post Views: 5 Дали вака треба да изгледа центарот на најголемиот туристички бисер во земјава? – прашуваат револтирани граѓани на Охрид кои секојдневно се соочуваат со проблеми на нивната улица. Станува збор за уличка која се наоѓа позади Општина Охрид, во центарот на градот. Ова е нивниот коментар:На само 300 метри од општинската зграда се наоѓа т.н. „улица“ која никој од властите изминатите години не чувствува потреба да ја асфалтира. Изминативе години на таа т.н. улица веќе се изградени згради чии станари секојдневно дома си одат по чакал и кал. Оваа улица е и...

Continue reading

Санкционирани возачи во Охрид кои ја надминале дозволената брзина

Post Views: 0 На 13.03.2022 година, при спроведени засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 18 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (07-надвор од населено место, 11-во населено место).Во Кичево, кај 02 возачи констатирано е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД ЈА ПРОДЛАБОЧУВА СОРАБОТКАТА СО ТУРСКИТЕ ОПШТИНИ ВО СФЕРАТА НА ТУРИЗМОТ

Post Views: 0 Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, во Истанбул, Република Турција, оствари средба со генералниот секретар на Унијата на Општини, Фахри Солак. На средбата се разговараше за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот. Се разменуваа мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција. Разговарано беше и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција. Исто така беа разменети...

Continue reading

(ФОТО) Погледнете ја убавината на Трпејца

Post Views: 0 Освен прекрасната чиста вода и живописната природа, во ова место има многу повеќе. Кети Ангелоска ни испрати слики од ова атрактивно место за рубриката „Ти си твојот град“, а заедно со нив остави и коментар : –На сликите е прикажана и пештерската црква св. Никола, до која се доаѓа само од езерска страна, како и познатиот манастир Св. Богородица Заумска – Заум, до кој исто така се пристигнува само со чамец. Недопрените приватни плажи меѓу Трпејца и Заум, како и смарагдната боја на езерото во овој дел, само го надополнуваат прекрасното доживување...

Continue reading

Проверете ја годишната даночната пријава и коригирајте ја до крајот на месецов

Post Views: 0 Управата за јавни приходи соопшти дека на 31-ви овој месец истекува рокот за потврдување или коригирање на годишната даночна пријава. – По истекот на законскиот рок на 1-ви јуни годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани, соопштуваат од УЈП. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна...

Continue reading

41 казна во Охрид за возачи кои ја пречекориле дозволената брзина

Post Views: 0 На 20.02.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16-надвор од населено место, 25-во населено место).Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06- надвор од населено место, 36- во  населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02-надвор од населено место, 14 -во населено место). Во Дебар 22 возачи, управувале моторно...

Continue reading

40 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (06/07.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите...

Continue reading

ГРК Охрид во сабота ќе ја пречека екипата на Тинекс Пролет

Post Views: 0 „Гладијаторите“ ќе ја пречекаат екипата на „Тинекс Пролет“ на домашен терен оваа сабота, 12-ти февруари во рамките на 20-тото коло во Супер лигата.Натпреварот е со почеток од 18 часот, а ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“. Влезот за сите љубители на спортот и ракометот е слободен.

Continue reading

Љупчо Милошески ја претстави монографијата „Од Љубанишча до Дебор“

Post Views: 0 Народните носии автентични за Југозападниот регион во земјава собрани во Монографија „Од Љубанишча до Дебор“. Автор е млад стружанец, колекционер, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни носии. Монографијата содржи фотографии на невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. Станува збор за вистински ремек дела, кој ја отсликуваат креативноста на жените од регионот.  Успеав да соберам една така побогата колекција која ја претставив во монографија. На монографијата...

Continue reading

Играч кој нема клуб ја надмудри една од најскапите репрезентации

Post Views: 0 Велс сензационално ја елиминира Белгија со 3-1 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Тоа е прв пат по 1992 година дебитант на Еуро да влезе помеѓу четирите најдобри репрезентации, каде ги чека Португалија. “Не треба да се плашиме од своите сништа. Пред четири години бев многу далеку од сето ова, подалеку од што можете да замислите. Имав повеќе неуспеси од успеси, но не се плашев од неуспеси. Ова го заслуживме”, славенички изјави селекторот Крис Колман. Извонреден гол за водство на Велс постигна Хал Робсон Кану, играч кој моментално нема клуб,...

Continue reading

УЈП

УЈП ја објави најновата листа на должници

Post Views: 0 Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. На Листата на должници бр.02/2022 објавени се 1.744 должници – правни лица (помалку за 18 од претходната листа) и 3.080 физички лица (повеќе за 44...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top