41 казна во Охрид за возачи кои ја пречекориле дозволената брзина

На 20.02.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16-надвор од населено место, 25-во населено место).

 |   | 

Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06- надвор од населено место, 36- во  населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02-надвор од населено место, 14 -во населено место). Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената (10-надвор од населено место, 12-во населено место). Против овие возачи преземени се соодветни законски санкции. Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи, а посебно возачите на моторни возила да ја прилагодуваат брзината според поставената сообраќајна сигнализација и према условите и состојбите на патот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top