Ознака: јавно

petreski

На охриѓани ќе им се развидели

Post Views: 7   Нема ноќ за Охрид. Ќе се менува градското осветлување. Наместо старите светилки ќе се поставуваат нови, диодни. Ова е тренд во светот, а најголема предност од ваквиот новитет е заштедата на електрична енергија и тоа дури за 60 проценти. Општината тоа ќе го прави преку Јавно приватно партнерство со што Охрид ќе добие квалитетно осветлување, а општината нема да вложи ниту денар во тоа. Фирмата која ќе се избере ќе има обврска да го промени целото јавно осветлување, односно арматурите на сијалиците, а не и канделабрите. Фирмата исто така ќе е должна се додека трае партнерството...

Continue reading

panoski

Цените на услугите да се намалат

Post Views: 4 Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните. „Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина...

Continue reading

Sturlakova

Двојно зголемен бројот на лица заболени од овчи сипаници

Post Views: 7 Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат  дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори. Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните...

Continue reading

logo

„Проаква“ почнува со исклучување и наплата

Post Views: 0 Долговите на физичките и правните лица кон МЈП „Проаква“ се поголеми од половина милион евра. Ненаплатените долгови од физички и правни лица се движат од 30.000 до 300 000. Поради ваквата состојба, од ова јавно претпријатие се приморани да започнат со исклучување на најголемите должници, кое потоа ќе продолжи и со помалите должници. Даниел Радески, од одделението за односи со јавност на „Проаква“ вели дека овој пат никој нема да биде поштеден. „На оние корисници кои бесправно се вклучиле по исклучување, за нив ќе следат соодветни мерки како што е исклучување директно...

Continue reading

kej

Концесионерите без договори со Комуналец

Post Views: 2  Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче. „За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и други...

Continue reading

rabotnik PROAKVA cevki

Охриѓани без вода-ПРОАКВА чистеше резервоари

Post Views: 4 Охриѓани денес во најголемиот дел од денот останаа без вода. Причина: најавената акција на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“ за чистење од талог на градските резервоари. Службите на претпријатието пред се ги сервисираа главните резервоари на локалитетот „Студенчишта“ преку кој, околу 70 проценти од градот се снабдува со вода за пиење, а има капацитет од над 3000 метри кубни. „Денес во Проаква презедовме една поширока акција која е неминовна еднаш во годината мора да ја извршиме. Се работи на неколку сегменти, прво и основно се чистат главните резервоари,...

Continue reading

komo

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 6 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Continue reading

Lupco Neckovski

Ново јавно наддавање за охридските плажи

Post Views: 24 Дел од концесионерите кои во изминатиот период стопанисуваа со плажите на источното крајбрежје на Охридското Езеро, по негодувањето со министерството за транспорт и врски, одлучија да учествуваат во повтореното јавно наддавање кое треба да се оддржи на 18 овој месец. Тоа е последица на одредените отстапки што биле договорени на разговорите со надлежните во ресорното Министерство за транспорт и  врски. „Па да конкурирав плажите и условите не се идеални. Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени, но што...

Continue reading

болница

Aнемија ги напаѓа децата

Post Views: 2 Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска. „Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...

Continue reading

opstina Struga

Во Струга мирно

Post Views: 6 Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност. Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите...

Continue reading

vraboteni komunalno

Ќе се штрајкува се до земање плата

Post Views: 0 Во очи на туристичката сезона Струга се затрупува со смет. Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Комунално Струга. Надлежните наместо со пронаоѓање на решенија за излез од кризата и подмирување на заостанатите плати на вработените, продолжуваат со мобинг.  Штрајкувачите се категорични дека повеќе не можат да издржат да одат на работа, а за тоа да не добиваа надомест. Тие јавно потврдуваат дека плата одамна не зеле, поточно дека одамна на нивната жиро сметка не бил префрлен надомест. „Зборуваат дека извршителите не можат да постапат по овој случај бидејќи има рамка...

Continue reading

treva

Пристигнаа крлежите

Post Views: 8 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места. Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и по...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top