Ознака: јавно

CJZ

Може да здивнеме, мали сипаници во Охрид нема!

Post Views: 5 Иако неколку градови низ земјава од кои најзагрозен е Скопје, се соочуваат со епидемија од мали сипаници,  во нашиот град нема простор за паника. Можноста за појавување е најголема во средините со побројно население и места каде што има мал број на вакцинирани. Во последниве неколку месеци во главниот град заедно со Куманово и Струмица биле регистрирани околу 522 случаи на морбили „Во Охрид досега нема ниту еден пријавен случај на ситните сипаници или морбили, што за среќа претставува еден факт за задоволство затоа што Охрид и делот кој што го покрива Центарот за јавно...

Continue reading

Регистрирани неколку случаи на клинички грип

Post Views: 5 Ништо невообичаено за овој период од годината,вели првиот човек на центарот за јавно здравје. Регистрирани неколку случаи на клинички грип. Зимата е период на настинки. Покрај ниските температури вообичаени за овој период, дополнителен проблем се и варијациите со временските прилики. За изминатиот период регистрирани се неколку случаи на клинички грип. Михаилов потенцира дека тоа не се вирусни случаи, туку станува збор за настинки со полесни симптоми, како што се главоболки, болки во зглобовите и слично. Дополнително е отежната состојбата за ризичната група со зголемената...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

imunizacija

Опаднат интересот за имунизација од сезонски грип

Post Views: 6 Граѓаните во овој  период на имунизација  покажале  послаб интерес во однос на минатата година, за да примат вакцина против сезонскиот грип. Центарот за јавно здравје од Охрид набавил 3000 вакцини. За намалениот интерес за примање на вакцина против сезонски грип д-р Михаилов посочува две причини. Ланската кампања против вакцината за свинскиот грип, како и моменталните временските услови. Ланската кампања против вакцината за свинскиот грип и фамата со минатогодишните случувања и искуства со оваа вакцина, сепак без поголемо влијание врз граѓаните. Граѓаните, и покрај...

Continue reading

vakcini

Пристигнаа вакцините за сезонски грип

Post Views: 7 Центарот за јавно здравје подготвен за имунизација на населението против сезонски грип. Пристигнаа 2500 вакцини, но доколку има потреба ќе се набават уште, вели директорот на центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. „ Секоја година центарот за јавно здравје врши заштита на населението од сезонски грип. Пристигнаа 2 и пол илјади дози. Со вакцинирање започнуваме од 12 октомври. Имаме доволна количина на вакцини“, истакна– директор на центар за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Михаилов потврди дека имунизацијата во цела Македонија  и годинава ќе се врши со Кинески...

Continue reading

abortusi

Драстично опаѓа бројот на абортусите во Охрид

Post Views: 10 Во последните пет години драстично опаѓа бројот на извршените абортуси, ова го покажуваат статистичките податоци за општина Охрид. Д-р. Слободанка Коцевска, од Центарот за Јавно здравство информира  дека во 2005 година биле извршени 119 абортуси, а оваа бројка во 2009 година се намалила на 39 насилни прекини на бременост. Сепак, најзагрозена категорија останува женската популација од 20 до 35 години каде што не е регистрирано опаѓање на бројот на извршени абортуси, нагласува д-р Коцевска. „Во 2009 година прекините на бременост кај жените до 20 години се во драстично...

Continue reading

touch screen

Нови обвинувања, стар тендер

Post Views: 1 Нови обвинувања во врска со тендерот на Локалната за набавка на touch-screen информативните пултови. Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, повторно обвинуваат во врска со овој, како што велат отаму скандалозен тендер. Нема крај на безбројните коруптивни афери и манипулации на Градоначалникот Петрески, повторно обвинуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Повторно предмет на обвинувањата е јавната набавка од Локалната на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Портпаролот на Општинскиот комитет на ВМРО јавно го запраша Градоначалникот Петрески...

Continue reading

Komandir Petreski

Се бара разрешување на командирот на охридската полиција

Post Views: 1 Морално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција. Петрески беше избраникот од тогаш доставените тројца кандидати до охридскиот Совет. Тој тогаш јавно и пред сите изјави дека ќе биде максимално транспарентен и 24 часа достапен за информации, не само за советниците туку и за сите граѓани. За возврат на дадената доверба од пред три години, командирот на вчерашната седница на Советот народните избраници ги нарече морално некомпетентни. Ова беа само дел од навредите...

Continue reading

sovetnici

Безбедносната состојба во градов пред советниците

Post Views: 0 Иако изминатиот период во неколку наврати беше нарушен јавниот ред и мир во Охрид, сепак градоначалникот Александар Петрески не успеа да го свика советот за превенција, тело кое требаше одамна да изнајде начин за подобрување на безбедносната состојба. „Советот покрај мене е составен и од првиот човек на СВР, првиот човек на судот и многу други видни личности од локална и централна власт во Охрид“, вели градоначалникот. „ Јас не го поставив првиот човек на судот, на полицијата и другите први луѓе во советот и мислам дека се е голема фарса пред ЕУ да прикажеме дека некеко...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top