На охриѓани ќе им се развидели

Ќе се менува јавното осветлување во градов. Со новите диодни светилки кои ќе се постават и среде ноќ ќе биде како ден

 |  Јаковлева Лионела  | 
petreski
петрески

 

Нема ноќ за Охрид. Ќе се менува градското осветлување. Наместо старите светилки ќе се поставуваат нови, диодни. Ова е тренд во светот, а најголема предност од ваквиот новитет е заштедата на електрична енергија и тоа дури за 60 проценти. Општината тоа ќе го прави преку Јавно приватно партнерство со што Охрид ќе добие квалитетно осветлување, а општината нема да вложи ниту денар во тоа. Фирмата која ќе се избере ќе има обврска да го промени целото јавно осветлување, односно арматурите на сијалиците, а не и канделабрите. Фирмата исто така ќе е должна се додека трае партнерството да ги сноси сите трошоци околу дефектите. Сега општината месечно троши десетици илјади евра за санирање на дефектите на осветлувањето, вели Градоначалникот Александар Петрески и додава дека тие средства сега ќе му ги даваат на партнерот, а тој ќе инвестира неколку милиони евра во уличното осветлување.

Со ваквиот предлог не се се согласуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие велат дека од аспект на спроведување на програмите за енергетска ефикасност иницијативата е за поздравување. Но тврдат дека подобро ќе било општината  средства за оваа намена да извлечела од предпристапните фондови. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Деан Паноски вели дека имало и други механизми за решавање на овој проблем. Тој кажува дека не веруваат во искреноста на намерите на Локалната.panoski

Инаку, одлука за потпишување договор за Јавно приватно партнерство од страна на Советот на Општина Охрид беше донесена уште минатата година. Врз нејзина основа беше распишан и тендер на кој се пријавиле 4 фирми. Две понуди биле валидни, но градоначалникот ги одбил бидејќи биле превисоки. Целото Јавно партнерство требало да чини 8 мил евра. Петрески смета дека оваа сума може да се преполови и затоа тогаш го поништил тендерот.

Кога ќе заврши целата постапка ќе ги запрашам советниците од ВМРО ДПМНЕ како ние успеавме да ја истуркаме целата постапка за 4 мил. евра, а општините каде градоначалниците се од нивната партија дадоа дури 8 мил. евра, вели Петрески.

Поради измените во законот за Јавно приватно партнерство кои настанаа после донесувањето на одлуката во 2011год. oваа точка  повторно се стави на дневен ред на денешната Седница на Oпштина Охрид. Петрески очекува истата да биде изгласана заради доброто на Охрид и апелира да се остави политиката на старана и да се гледаат интересите на граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top