Ознака: Црвен

Црвен крст Охрид објави повик за обука за спасители на отворени води

Post Views: 0 Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 година. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: – Да се на возраст од 18 до 35 години ( да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)–...

Continue reading

logo

Црвен крст и лајонистите ќе ги чистат плажите со пристап само од вода

Post Views: 2 Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се...

Continue reading

spasiteli

Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода

Post Views: 16 На плажата пред хотел Метропол спасен давеник. Вистинскa  драма се одигрувала вчера после 18.30 минути кога 18 годишно момче  почнало да се дави. Неговиот татко се обидел да го спаси,  но безуспешно. Спасителот на вода ангажиран на плажата кој случајно останал по истекот на неговото работно време го спасил момчето. Горан Миланоски , координатор на центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид   и помлад национален инструктор за спаување на вода , наведува дека најчести причини   за давење во вода се паниката и грчот во мускулите. Веднаш зад овие две причини се...

Continue reading

pehar

Пехар за охридскиот ПХВ тим за проектите Дом,Светлина и Виделина

Post Views: 11 Пехар за проектите  Дом , Светлина и Виделина на охридскиот ПХВ тим на Црвен крст. Македонскиот Црвен крст додели  пехар и го награди трудот за реализирани проекти за хумани вредности на охридската организација. Десеминаторот Јованка Сион  Доленц која го предводеше ПХВ тимот сo 30-тина млади волонтери се заслужни за ова високо државно признание. Младите волонтери со три проекти дадоа несебичен придонес за добробит на општествената заедница. Со проектите Дом, Топлина и Виделина внесоа светлина во срцата на луѓето кои имаа потреба од помош. Заедно стравувавме и се радувавме...

Continue reading

spasuvaci

Спасителите на вода подготвени, но не и концесионерите на плажи

Post Views: 8 Спасувачите на вода технички и психофизички подготвени за делување во новата капачка сезона. Но, тоа не важи за сите концесионери на плажите на охридско – струшкиот брег.  Дел од нив и годинава  замижуваат пред законските одредби да обезбедат сигурни капалишта. Две недели пред официјалниот старт на туристичката сезона  немаат преземено подготовки за обележување на плажите, вели Сашо Точков  од општинскиот Црвен крст. Напоменува дека на плажите немаат  поставено  набљудувачници, пунктови за укажување на прва помош и делови за интервенција  на спасувачите на вода.„...

Continue reading

logo

Хуманоста на дело

Post Views: 7 По осми пат Охридскиот Црвен крст организира крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Акцијата ќе се спроведе утре од 09:00 до 16:00 часот во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“ и охридското одделение на Институтот за трансфузиологија. –Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден дестки живот“ што ја споревдува охридската медиумска заедница, а во која Црвениот крст се приклучи активно од самиот почеток. И утре на пунктовите пред обложувалницата „Спорт лајф“ ќе бидат поставени наши волонтери...

Continue reading

knigi za zavisnosti

Има ли лек за зависностите

Post Views: 8 Дрога, алкохол, коцкање, зависност од секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, зависност од одредена супстанца и многу други пороци секојдневно ги демнат луѓето. Модерниот начин на живеење предизвикува најразлични видови зависности со кои секојдневно се соочуваме. Деновиве во Охрид престојува  Д-р Даун Обрехт, професор на Универзитетот во Колорадо Здравствено научен центар, САД и експерт на полето на зависности. Д-р Обрехт веќе триесет години се занимава со оваа проблематика и ќе ги сподели своите искуства како сите оние кои имаат...

Continue reading

фестивал

Заврши првиот Аматерски театарски фестивал во Охрид

Post Views: 6 Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училиста „Мирко Милески“ и „Дрита“ од Кичево со претставата “Изгубениот сон” и театарската  група од средното училисте Св.Климент Охридски-Гимназија, Охрид, со претставата “Мачка на вжестениот ламаринен покрив”, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал “Вдиши Театар”, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28 мај до 1 јуни, во Охрид. На фестивалот беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади, талентирани актери...

Continue reading

logo

Вдиши театар

Post Views: 2 Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите...

Continue reading

pomosh

25 тони помош од Македонија за погодените од поплавите во Србија

Post Views: 2 Црвен крст Охрид, вчера 25.05.2014 година, согласно стандардите на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, подготви и испрати уште еден шлепер со 25 тона помош за населението погодено од поплавите во Србија. Помошта се состоеше од најнеопходните производи за нив: вода, конзервирани и трајни прехрамбени производи, храна за бебиња, средства за хигиена, дезинфекциони средства, детска нова облека и чорапи. Помошта, која ја донираа хуманите охриѓани-поединци, голем број фирми и институции, општина Охрид и др., денес ќе биде предадена во собирните центри...

Continue reading

Волонтери, претходно повикани да помагаат при вакцинацијата, избркани од салата Билјанини извори, велат од ОО на Црвен крст

Post Views: 11 Црвениот крст во Охрид обвинува дека волонтери пратени да помагаат при масовната вакцинација во спортската сала „Билјанини извори“ која е регионален центар биле избркани од вакциналниот пункт. Волонтерите  кои предходно помагале и при вакцинацијата во пунктот на Здравствен дом  во општата болница биле повикани од директорката на Здравствениот дом  да се вклучат и да помогнат и во спортската сала.  Утрово кога се појавиле во салата биле избркани од од лицето Сашо Денесовски, кој во објавата на Црвен Крст е претставен како координатор на процесот за вакцинацијата. „За...

Continue reading

poplavi

Донирајте – „Охрид од срце за Србија и Босна“

Post Views: 2 Црвениот крст од Охрид, веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина, направи контакт со двете Национални друштва на Црвениот крст, односно со соодветните општински организации на Црвен крст во Србија и Босна и согласно материјално-техничките и човечки ресурси, понуди помош во екипи и опрема за спасување. Понудена е помош во спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода, информираат од охридскиот Црвен крст. Согласно нивните проценки,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top