Донирајте – „Охрид од срце за Србија и Босна“

Црвениот крст од Охрид, веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина, направи контакт со двете Национални друштва на Црвениот крст, односно со соодветните општински организации на Црвен крст во Србија и Босна и согласно материјално-техничките и човечки ресурси, понуди помош во екипи и опрема за спасување.

 |   | 
poplavi

poplavi Obrenovac

Понудена е помош во спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода, информираат од охридскиот Црвен крст.

Согласно нивните проценки, во овој момент потребна е следната помош:

– прехрамбени производи (конзервирани, трајни)
– вода за пиење – флаширана
– храна за бебиња
– средства за хигиена
– нова облека, обувки, гумени чизми
– ќебиња

За таа цел Црвениот крст ги презема следните активности за собирање на потребната помош:

1. Парична помош преку уплата на жиро сметка на Фондот за солидарност на Црвени крст 300000001327966, ДБ 4030984271620, Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за наведената хуманитарна помош е магацинот на Црвен крст Охрид на ул. 15-ти Корпус (кај новата автобуска станица).

{loadposition contakt9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top