Ознака: центар

ДИРЕКТОРОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПИТЕР РАЈТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Во рамките на Програмата за спикери на Амбасадата на Соединетите американски држави, во работна посета на Општина Охрид, денеска беше директорот на Американскиот центар за претприемништво Питер Рајт. На средбата со охридските бизнисмени и претставници на Локалната самоуправа, чиј домаќин беше претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, се разговараше за можната соработка со оваа реноморана институција во проектите за развој на претприемништвото.

Continue reading

Инцидентот со девојчето каснато од куче скитник во самиот центар на Охрид ја вознемири јавноста

Post Views: 0 Инцидентот во кој куче скитник касна малолетничка ја вознемири охридската јавност. Имено, 50 годишен охриѓанец за време на викендот пријавил во СВР Охрид дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на плоштадот „Св. Климент Охридски“, во центарот на градот. Во врска со настанот денес на прес конференција реагираа и од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат нема ден, Охрид да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња насекаде во градот. „Неспособноста на Локалната самоуправа и после година и пол од преземањето на власта...

Continue reading

Планинската спасителна служба која ги покрива териториите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и Ресен наскоро треба да го добие простории каде ќе биде сместен нејзиниот центар

Post Views: 7 Спасувањето на планина, иако се базира исклучиво врз алпинистичките вештини, сепак е доста комплексна дејност, која за разлика од алпинизмот како спорт бара многу повеќе финансиски, материјално-технички и логистички ресурси. Европските фондови не смеат да бидат единствениот извор на финансии за квалитетно непречено и одржливо функционирање на Планинската Спасителна Служба. Тука треба да помогнат и локалните власти и државните институции, бидејќи пред се службата покрива територија од пет општини во југозапандиот регион на државава. Она што останува како цел во блиска...

Continue reading

crtezi

Триесет години успешна приказна

Post Views: 2 Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на...

Continue reading

НОВ ТВ ПРИЕМНИК ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР “ЗРАЦИ“

Post Views: 0 Вршителот на должноста градоначалник, Константин Георгиески, го посети дневниот центар “Зраци“ и им го врачи новиот тв приемник, подарок од компанијата “ЗЕГИН“. На средбата Георгиески беше запознат со работата на центарот и потребите за негово успешно функционирање во иднина. Георгиески истакна дека навистина е благородна работата на вработените и родителите на лицата со посебни потреби и искажа подготвеност локалната самоуправа, активно да работи на подобрување на условите и институционално трајно решение за работата на дневниот центар.

Continue reading

ucenici

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Post Views: 0 Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години. Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град...

Continue reading

petta privatna gimnazija

Стручното образование голем предизвик за идните средношколци

Post Views: 7 Македонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца. „Родителите и децата...

Continue reading

Во рамките на трговско забавниот центар Village Вања Камчев, Бистро Village со уште поатрактивни цени за потрошувачите

Post Views: 10 Не ја пропуштајте можноста да пробате квалитетни јадења од менито на Бистро Вилиџ, сега збогатено со нови оброци и со намалени цени за целиот асортиман. Ако до сега цените беа ниски, сега се едноставно неодоливи. Проверете ја новата понуда на Бистро Вилиџ на Facebook страницата: www.facebook.com/KAMVillage. Работното време на ресторанот е од 11:00 до 20:00 часот, а на површина од 260 м2 располага со над 50 седишта за гости. Лоциран е на 250 метри од меѓуградската автобуска станица во пријатниот амбиент на комплексот Village Вања Камчев (поранешна фабрика „Отекс“).

Continue reading

Охридските земјоделци и овоштари имаат потреба од откупен-дистрибутивен центар

Post Views: 0 Се одржа презентација на нацрт верзија на физибилити студија за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. На јавна расправа охридските земјоделци и овоштари дискутираа за потребата од изградба на ваков откупен дистрибутивен центар во охридскиот регион. Претставници на Секторот за туризам и локален економски развој од Локалната самоупрва, која е нарачател на студијата, на овој начин ги согледува потребите и бенефитот од една ваква инвестиција. „ Физибилити студијата треба да каже дали има оправданост од изградба на откупен центар со параметри колкав да...

Continue reading

Финансиска поддршка од Општина Охрид за Здружението за поддршка на лица со аутистичен спектар и атипичен развој

Post Views: 11 „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“ ќе добие финансиска поддршка од Општина Охрид. По распишаниот Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид која згрижува деца со атипичен развој, градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука за избор на „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“.

Continue reading

jablanica

Во Вевчани ќе се гради ски центар

Post Views: 1 Вевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. „Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на проектор....

Continue reading

Ivanov

Општина Охрид дел од проектот „Спортски бон-тон“

Post Views: 2 Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов. Целта на овој традиционален спортски настан е  да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб  на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се  надминуваат  стереотипите и се  зацврстуваат   меѓуетничките односи во Република...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top