• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Инцидентот со девојчето каснато од куче скитник во самиот центар на Охрид ја вознемири јавноста

Инцидентот со девојчето каснато од куче скитник во самиот центар на Охрид ја вознемири јавноста

Од ВМРОДПМНЕ со обвинување дека намесо долгорочно решение, директорот на Охридски Комуналец го презентирал само новиот возен парк. Директорот на Јавното претпријатие пак одоговори дека овој немил настан немало да се случи, доколку учинокот на претходната локалната власт во решавање на овој проблем не беше нула.

 |   | 

Инцидентот во кој куче скитник касна малолетничка ја вознемири охридската јавност. Имено, 50 годишен охриѓанец за време на викендот пријавил во СВР Охрид дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на плоштадот „Св. Климент Охридски“, во центарот на градот. Во врска со настанот денес на прес конференција реагираа и од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат нема ден, Охрид да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња насекаде во градот. „Неспособноста на Локалната самоуправа и после година и пол од преземањето на власта резултира со нерешен проблем со кучињата бездомници“ , кажа на прес конференција Перчо Божиновски – портпарол О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„За жал се случи она што цело време предупредувавме. Сведоци сме како граѓаните кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото. Кој ќе понесе одговорност за малолетното девојче каснато од куче на Градскиот плоштад?Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски до кога планира да ветува дека ќе го реши проблемот?Освен набавените две возила за транспорт на животните и шинтер во Претпријатието не гледаме никакво решение“ обвини Перчо Божиновски – портпарол О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Божиноски обвини и дека наместо долгоочекуваниот стационар, директорот Грданоски само го презентирал новиот возен парк. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски пак, изрази жалење за инцидентот што се случи изминатиот викенд и додаде дека овој немил настан немало да се случи, доколку претходната локалната самоуправа предводена од градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ Никола Бакрачески направеше нешто за решавање на овој наследен проблем. Грданоски потенцира дека покрај тоа што се обезбедени две возила, веќе бил вработен и шинтер.

„Преку донација на приватната фирма „Еко Шпар“, морам да напоменам во два наврати, бидејќи првиот пат имавме кражба на кафезите, обезбедени се кафези за бездомнети кучиња. Во текот на минатата недела ограден е простор за дневен престој на кучињата, а во текот на вчерашниот ден завршена е тендерската постапка за избор на ветернинарни услуги. Стигнати се две понуди, во текот на денешниот ден се разгледува документацијата и доколку ги исполнуваат условите според наведената спецификација се закажува електронско наддавање. По изборот на ветеринар јавното претпријатие ќе започне со заловување на бездомните кучиња и понатамошен третман“. – изјави Грданоски.

Директорот на јавното комунално претпријатие напоменува дека ова е единствено решение на овој проблем кое го предвидува законот, но и решавање на подолг рок. Грданоски апелира и до надлежните институции малку да се позанимаваат со појавата на носење на кучиња во Охрид од други општини, што во голема мерка го отежнува решавањето на проблемот, а јавното претпријатие нема законска можност да делува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top