Post Views: 2
Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење...
Post Views: 7
10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој заедно со...
Post Views: 2
И додека Охрид на големо се подготвува за оваа манифестација, Струга годинава остана без кум за Водици. На објавениот јавен повик од страна на црквата св.Ѓорѓија, неофицијално дознаваме дека немало ниту еден пријавен. Можеби ваквата пасивност се должи на тоа што во Струга сеуште нема граѓанско здружение кое би се грижело околу организацијата на оваа манифестација. Сепак, дел од стружани доброволно учествувале со финансиски средства за да може да се одржи оваа манифестација, а поголемиот дел од трошоците ќе ги сноси црквата св.Ѓорѓија. Светиот крст и годинава, митрополитот...
Post Views: 3
Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог. Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален...
Post Views: 5
Во Скопје денеска ќе биде отворен прв центар за жртвите на семејно насилство. Овој центар претставува прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство.
Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот...
Post Views: 0
Се степаа стружани и охриѓани. Денеска нешто после пладне околу 14 часот две групи на деца предизвикале тепачка. Во неа учествувале 14 деца од охридското средно училиште ЕМУЦ и неколку од сртушката гимназија Ибраим Темо. Настанот се случил на ул Маршал Тито во близина на ресторанот Т’га за Југ. Нарушувањето на јавниот ред и мир потврден е и од страна на СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски вели дека дел од учесниците се приведени во полициска станица и се врши распит заради утврдување на сите аспекти поради кои дошло до тепачката. После тоа ќе излезат и со детали за...
Post Views: 2
Поради дефектот кој настанал четвртокот попладне на 03 ноември, граѓаните на Струга кои живеат на ул. Кеј Борис Кидриќ, 5 дена останаа без вода за пиење. Состојбата е алармантна, укажуваат стружани. Тие најмногу се револтирани на некоректниот однос на раководните структури на МЈП Проаква-Струга, кои наместо да се нафатат да го решат проблемот, се однесувале незаинтересирано. Здравко Голабоски жител на Струга рече дека доколку не се реши проблемот, ќе се бара излез на повисоко ниво.Проблемот е сериозен и предолго трае, вели Филип Дејкоски, исто така засегнат грѓанин на...
Post Views: 2
Сите докази се кристално јасни, вели Меди Туши, мештанин на село Добовјани струшко. Туши пред година и три месеци се соочил со голема траума која до ден денес има оставено последици врз неговото здравје и ментална состојба. Тој пред камерата на ТВМ ја кажа својата неочекувана случка, каде тој бил мета на напад од страна на киријаш, кој две години живеел во стан на неговиот братучед кој живеел во Швајцарија, а за кој стан се грижел Туши.
Туши вели додека тој бил во бесознание, киријашот му ги одзел парите и тоа 1980 американски долари, 25 000 илјади денари и 800 евра,...
Post Views: 2
Во врска со доцнењето на дистрибуцијата на учебниците по „Кембриџ“ програмата Твм ТелевизиА доби официјален одговор од издавачката куќа „Арс Ламина“. Во дописот кој го добивме од Директорот на издавачката куќа Горан Црвенковски, стои дека основна причина за доцнењето е аа што учебниците се работат по програма одобрена од Кембриџ и вообичаената процедура подразбира секој превод и адаптација на истите да минат низ ригорозна контрола и проверка од страна на CIE (Центарот за меѓународни испити од Кембриџ).
Бидејќи учебниците за седмо, осмо и деветто одделение се многу пообемни...
Post Views: 5
Љубовна врска со трагичен крај. Вчера некаде околу 14 часот и 30 минути животот си го одзеде Арјианита Башкими (1996) од струшкото село Франгово. Немилиот настан се случил во нејзината соба на горниот кат од куќата и тоа со револверот на нејзиниот татко. Според првичните информации од страна на СВР, причина за самоубиството е забранета љубов. Истрелот од револверот кој нанесол прострелна рана во главата на девојката, го слушнале нејзините родители кои биле тука, по што веднаш ја префрлиле во струшката општа болцица, па потоа во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде...
Post Views: 3
Лоцирана е на два километри од градот Сами и на 10 километри од градот Аргостоли. Пештерата е опколена со шуми, а од западната страна има планински венец. Пештерата е 100 метри долга, а езерото кое се наоѓа но неа, зафаќа една третина од нејзината должина. Оваа магична пештера за првпат е откриена во 1951 година, а отворена за посети на јавноста во 1063 година.
Езерската вода е мешавина од солена и слатка вода. Пештерата е на 500 метри од морето и нивото на водата е еден метар над морското ниво. Мешаната вода извира од пештерски систем длабок 30м на едната страна и тече...
Post Views: 7
Советниците дирекно во неколку наврати како главен виновник за тоа го посочија ЈП „Комунално“. И ТВМ во неколку наврати информираше за грдата слика со градежниот шут и комуналниот смет на дел од плажите во Струга. Денес на оваа тема проговори и советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Затуроски, од каде што доаѓа и директорот на ЈП, Петко Кутаноски.
Тој истакна – „Ние сме сведоци, секојдневно ги гледаме сите овие работи каде што се растура шут на секоја страна после рушење на објекти каде што се фрла ѓубре на секоја страна. Факт е дека комуналното претпријатие функционира...