Митровден со пластични чаши

5 дена без вода. Од потегот кај споменикот на револуцијата долж Кејот Борис Кидриќ, граѓаните се соочуваат со голем проблем. Тие за тоа реагирале до надлежните, но воопшто не се задоволни од односот на првиот човек на МЈП „Проаква“, Р.Е. Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
ul bez voda
ul bez voda

Поради дефектот кој настанал четвртокот попладне на 03 ноември, граѓаните на Струга кои живеат на ул. Кеј Борис Кидриќ, 5 дена останаа без вода за пиење. Состојбата е алармантна, укажуваат стружани. Тие најмногу се револтирани на некоректниот однос на раководните структури на МЈП Проаква-Струга, кои наместо да се нафатат да го решат проблемот, се однесувале незаинтересирано. Здравко Голабоски жител на Струга рече дека доколку не се реши проблемот, ќе се бара излез на повисоко ниво.
Проблемот е сериозен и предолго трае, вели Филип Дејкоски, исто така засегнат грѓанин на Струга. Тој додаде дека сите релевантни субјекти се информирани и незнаат веќе каде да се обратат, па поради тоа одлучиле јавно да излезат и кажат.
Тешко и проблематично се живее без вода, вели и Мирјана Гоџо. Таа додава оти сеуште не се начисто дали тоа е поради дефект или поради некој друг што ги нема подмирено обврските кој ЈП.
ul bez vodaПоради професионално и објективно презентирање на реалната состојба ја побаравме и втората страна, директорот на МЈП – „Проаква“, Р.Е. Струга, Ваит Ајро. Тој во врска проблемот со немањето на вода, рече дека се работи за сериозен дефект, за кој чекале делови од Скопје. Но се чекало подолго од предвиденото, заради тоа што делот кој чини 3000 евра требало да се плати во кеш, а тоа не било направено од нивна страна, поради актуелниот проблем со слаба наплата. Ајро рече дека ќе изнајде модус на оштетените корисници да им надокнади за изгубеното, но вели дека побарал разбирање и од нив за битката која тој ја води со неплаќачите на обврската, што во тој дел била изразена. Директорот рече дека на тој потег има 10 кафе барови кои му должат по 1000 евра, особено сопственици кои за време на летниот период турбо работеле. Додаде дека во тој поглед нема повеќе да се прават компромиси и мерките ќе се спроведуваат подеднакво за сите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top