Ознака: стариот

pozar star del odhrid

Изгоре куќа во стариот дел на Охрид

Post Views: 18 Пожарот кој најверојатно настанал од затнат оџак за многу кратко време се распламти, а густиот бел чад над калето можеше да се забележи од сите страни на Охрид. Благодарение на брзата интервенција на комшиите и противпожарната служба од Охрид и покрај тешкиот пристап до објектот, поради паркираните автомобили по тесните месокастрански улички, избегната е многу поголема катастрофа.  Во пожарот нема повредени лица. Во целост е уништена кровната конструкција и поголемиот дел од објектот. „Успеавме да го пресечиме со помош на граѓаните кои веќе имаа реалирано, успеавме...

Continue reading

parking aparat

50 денари за поминување по сообаќајница

Post Views: 0 Доколку сакате да поминете по сообраќајницата Македонски просветители во делот помеѓу двете рампи, треба да платат 50 денари. Од оваа нова појава најпогодени се дитрибутерите кои и по неколку пати во денот минуваат тука вршејќи дотур на стока.  При влез на рампата кај поштата добивате жетон, но со него не можете да излезете на рампата пред Капетанија, затоа што на неа пишува дека за излез треба картичка, која ја имаат само жителите на стариот дел од Охрид. По поплаките кои ги добивме, за проблемот со кој се соочуваат сите, освен жителите на стариот дел на Охрид, се уверивме...

Continue reading

sime ilieski

Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов

Post Views: 2 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се   уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта. Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...

Continue reading

protesti posta

Охриѓани со протест против поскапениот паркинг

Post Views: 1 Зголемените цени на паркингот како и новиот режим на сообраќај собираат се повеќе противници. Денес поголема група на граѓани, преку мирен протест го искажа своето незадоволство по овие две прашања. Особено ревносни беа коментарите на жителите од урбаната заедница 1-Стар град. Тие револтирано изјавија дека буквално се чувствуваат како заложници и туристи во сопствениот град. „Цела година сме туристи, плаќаме енормни цени. Гледаме како е тоа решено во Скопје, дека може да се плаќа месечно или годишно. Кај нас тоа не функционира. На крајот на краиштата, овде имаме архитектонски...

Continue reading

star grad

Секој може ама не руши

Post Views: 8 Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат  мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид.  Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт...

Continue reading

Aleksandar Nikolovski

Кој го „кочи“ „Законот за Охрид“?

Post Views: 1 Иако мина повеќе од една година како Собранието на РМ го усвои „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, или популарно познат како „Законот за Охрид“, сепак бенефитот од него никако да се почуствува во целост. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, посветена на пратеничките прашања, истакна дека за ваквата состојба е виновна Општина Охрид која  за овие година дена требаше да ги донесе Деталните урбанистички планови и за стариот град и за контактната зона. ДУП-ите...

Continue reading

ох

Ќе се поставуваат мобилни тоалети, а од цврста градба до година

Post Views: 2 Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона  ќе го  решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа. „Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме  поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации  како што се катните гаражи или автобуската станица“,...

Continue reading

Pece Mirceski

Бучавост, девастација на зелениот појас и сообраќаен метеж

Post Views: 3 Бучавоста, девастацијата на зелениот појас и сообраќајниот метеж, проблеми со најмногу препораки во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за стариот дел на градот.Истиот, иако речиси еден месец беше изложен во Општината и беше достапен за граѓаните и еколошките друштва од градов, сепак на денешната јавна расправа, интересот за него, нула. Бучавоста очигледно на жителите од стариот дел на градот им смета само во лето, па тогаш и реагираат. Инаку, стратегиската оцена за животна средина за овој плански опфат, опфаќа околу 43 хектари на централното...

Continue reading

snow

Снегот за децата радост, за возрасните мака

Post Views: 11 И Охрид под снежна покривка. Врнежите кои од вчеравечер започнаа да паѓаат, за децата донесоа радост, а за воздрасните проблеми. „Механизацијата на ЈП уште во текот на вчерашниот ден околу 18 часот почна со расчистување на улиците и со посипување на сол и песок по улиците. Тротоарите пак и стариот дел рачно се чистат од 5 часот утринава“, вели директорот на ЈП Сашо Алче. „ Се разбира тука работат и трите нови машини кои неодамна ги набавивме, покрај четирите специјални возила за чистење на снегот, посипуваме снег со два трактори и од околу 10 часот изутрина со тешка...

Continue reading

jazz inn

Џез Инн и натаму јаболко на раздорот

Post Views: 0 Двата мирни протести кои речиси симултано се случуваа минатиот Петок спроти Сабота не ги оставија рамнодушни ниту сопствениците на клубот, ниту протестантите. По првичните обвинувања од сопствениците на Џез Ин упатени кон Љупчо поп Стефанија, еден од учесниците во протестот, сега со реакција се јави и самиот поп Стефанија. Во неговиот допис се вели: „Сакам да напомнам дека јас не сум организатор на протестот, туку сум еден од загрозените граѓани кои реагираат преку протест за незаконитостите предизвикани со работата на кабарето и правото на сопствен живот на граѓаните...

Continue reading

А што со буката од плажите?

Post Views: 0 Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта. Многумина губат надеж и велат дека додека се изнајде решение ќе помине сезоната. Градоначалникот вели Неможе плажа да работи преку цела ноќ и прашува каде се инспекциските служби кои треба да ги затворат?“.   Во барањето кое група граѓани од урбана заедница 1 – Стар град го испратија на 26 јули до градоачалникот, советот и медиумите, покрај тоа што бараа да не се продолжува работното време на угостителските објекти, од медиумите...

Continue reading

saraishte

Чекаат согласнот, а не поднесле барање

Post Views: 9 Засега се нереализирани двете идеи за пешачката патека покрај езерскиот  брег во стариот дел на градот и партерното уредување на Сараиште. На последната седница на советот на Локалната самоуправа, советници поставија прашање до каде е постапката за да станат реалност овие две иницијативи,  кои претходно добија поддршка од Локалната самоуправа. Идејата за пешачката патека е стара подолго време, а другата за Сараиште е граѓанска иницијатива од МЗ „Стар Град“ од пред две години. Градоначалникот Петрески на прашањата одговори дека се чека согласност од Упрвата за заштита...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top