Ознака: стариот

Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот

Post Views: 2 Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот. Поголемиот дел од нив поради временските услови и нивната дотрајаност попуштаат. На некои места направени се вистински свлечилишта. Најалармантна е состојбата на патниот правец кон Горна порта, на пресекот на улиците “Нада Филева“ и „Кирил и Методиј“, каде има и интензивен сообраќај и поголема оптовареност на теренот. Од Локланата велат дека интензивно се работи на терен да се санира овој потпоре ѕид. Она што можам сега дефинитивно да го кажам е дека на јавен повик е избрана фирма која ќе ги врши градежните зафати....

Continue reading

sadenje bademi

Во Охрид се садат бадемови дрвца

Post Views: 1 Во рамки на проектот за уредување на нови 40 зелени катчиња кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и приватната компанија „Левидиа“, кај „Горна порта“, организираа акција за засадување на бадемови дрвца. Акцијата е подржана од Локалната самоуправа,а првите дрвца ги засадија градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, пратеникот Александар Николоски, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа и претсавничката на компанијата „Левидиа“ Јасмина Луканова. Досега се засадени 30, а во наредните...

Continue reading

Изгласана предлог одлуката за потребата од прогласување на стариот Чинар како „споменик на природата“

Post Views: 1 Согласно елаборатот кој го изготви Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје во рамки на проектот на Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид, единаесет века стариот чинар во центарот на Охрид како и уште неколку стари дрва во градов ќе бидат ревитализирани и соодветно заштитени. „Целта е низ валоризација на степенот на загрозеност на стеблото да се направи програма за негова заштита која ќе има за цел да се испита она што е направено претходно како заштита со години, за што заклучивме дека всушност и не била квалитетна...

Continue reading

Во стариот дел на Охрид постои мрежа со подземни и надземни хидранти за гаснење на пожар

Post Views: 5 Мрежа од подземни и надземни хидранти има во повеќе делови во Стариот дел на градот. Околу 10 тина хидранти во старото градско јадро се многу важни при интервенции на противпожарните единици во случај на опожарување. Два подзмени хидранти има на охридскиот плоштад, хидранти има на Сараиште, два во близина на црквата Св.Софија, потоа на улиците Нада Филева, Илинденска, Климентска, кај Горна Порта, на малиот плоштад Крушевска Република, набројува Горан Маркоски заменик командир на охридската ТППЕ. „Ова се нови хидранти и ЈП Нискоградба ги проверува. Пред неполна година...

Continue reading

Синоќа гореше во стариот дел на градот

Post Views: 4 Синоќа гореше во стариот дел на градот. Во 21часот и 25 минути во противпожарната единица пријавен е пожар на улицата „Петар Чауле“. Веднаш, седум пожарникари и три возила се упатиле на местото каде беснеела огнената стихија, но се соочиле со повеќе препреки. Најпрво возилата се обиделе да стигнат до куќата која горела преку плоштадот, но тоа било невозможно бидејќи единствениот пристап од кружниот тек бил блокиран со мотори. Втор обид бил противпожарните возила да се пробијат од улицата кај некогашната рибарница, но тука ги чекал нов предизвик. Патот бил блокиран со...

Continue reading

Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет

Post Views: 4 Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се  денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата. Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е веќе...

Continue reading

Реконструкција на улиците во стариот дел на Охрид

Post Views: 3 Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај. Претходно беа реконструирани улиците „Кузман Капидан“, „Ангел Маринчев“ и „Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.

Continue reading

Стариот градски мелос по 28 ми пат ќе се пее во Охрид

Post Views: 0   Музичките тајфи, ансамбли, групи и хорови од повеќе градови од земјава ќе продефилираат низ охридската чаршија па потоа во ЦК „Григор Прличев“ ќе имаат свој настап. Традицијата продолжува, утре 1 октомври, ќе се одржат 28 те по ред Охридски староградски средби, фестивал кој не смее да замре, како што вели стручниот соработник на овој настан музичарот Петар Нечоски. „Тоа се средби на песната, на музиката, на љубовта со оние стри градски песни каде што најповеќе е опеана љубовта. Ние ја негуваме оваа традиција, задоволни сме досега од организацијата, мислиме дека оваа...

Continue reading

fenercina

Во стариот дел на Охрид засветија фенерчињата

Post Views: 3 На охридските улици се враќаат  автентичните фенерчиња за јавно  улично осветлување. Дел од вкупно предвидените 461 фенер  веќе се поставени и светат на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео.  Во рамките на договорот за модернизација на јавното улично осветлување  досега се заменети 260 светилки, информира  Љупчо Танески портпаролот на Одделението за комунални дејности. Тој ја појасни разликата помеѓу  јачината на лед светилката и обичната  светилка. „ Јачината на фенерите е 36 вати од новото лед осветлување кое е еквивалентно на светилките од 150 – 200...

Continue reading

pazar

Изградбата на новиот пазар најавена за почетокот на септември, а сеуште не се знае каде ќе се дислоцира стариот

Post Views: 1 Сеуште не е дефинирана локацијата на која ќе се дислоцира постоечкиот пазар иако изградбата на новиот според најавите треба да започне на почетокот на Септември. Од јавното претпријатие „Градски пазар“ велат дека во најкраток можен рок ќе биде избрано најадекватното решение. Како можни локации ги споменуваат паркингот на „Градски пазар“ веднаш до постоечкиот пазар, потоа дел од старите градски гробишта во близина на новата автобуска станица, градскиот полигон за мали спортови како и трговскиот центар во комплексот на поранешен Отекс. Од „Градски пазар“ велат дека во...

Continue reading

post

Денес започнува Божиќниот пост

Post Views: 3 За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до  Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор...

Continue reading

ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА РАМПИТЕ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

Post Views: 2 Се известуваат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од 1.07.2021 година (четврток) ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот. Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.Постоечките картичките за кои не е извршена навремена пререгистрација во согласност со повикот на општината, кој беше објавен на 20.05.2021...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top