Стариот градски мелос по 28 ми пат ќе се пее во Охрид

Стариот градски мелос пеен од тајфи и пејачки дружини ќе се пее утре во Охрид. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи 28 миот по ред фестивал Охридски староградски средби 2016. Влезот за сите љубители на староградската песна е слободен.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Музичките тајфи, ансамбли, групи и хорови од повеќе градови од земјава ќе продефилираат низ охридската чаршија па потоа во ЦК „Григор Прличев“ ќе имаат свој настап. Традицијата продолжува, утре 1 октомври, ќе се одржат 28 те по ред Охридски староградски средби, фестивал кој не смее да замре, како што вели стручниот соработник на овој настан музичарот Петар Нечоски.

„Тоа се средби на песната, на музиката, на љубовта со оние стри градски песни каде што најповеќе е опеана љубовта. Ние ја негуваме оваа традиција, задоволни сме досега од организацијата, мислиме дека оваа година ќе бидеме подобри од другите години, бидејќи многу сме ангажирани“ – вели Нечоски.

Имаме добар избор на стари градски македонски песни вели Нечоски. Застапени биле сите старосни групи од трето, средно доба дури до млада генерација на луѓе. Нечоски информира дека запазени биле сите пропозиции кои најповеќе се однесувале во делот на македонски инструменти.

„Имаме застапено уни, соно пеење, едногласно двогласно пеење, па професионалните хорови што настапуваат ги презентираат песните во три или четири гласа. За прв пат од минатата година воведовме по една до две песни од компонираните кои проба нашиот хор од центарот или друг хор да ги обработат народната песна во хорски аранжман и нормално песните се обработуваат и тоа е новина на фестивалчето“- нагласува Нечоски.

Покровител на фестивалот е Министерство за култура. Нечоски вели дека пеењето на староградските песни сеуште е многу популарно. Тој ги поканува сите охриѓани утре со почеток во 20 часот да го проследат фестивалот, влезот е слободен. Дефилето на ансамблите кои ќе бидат облечени во традиционални носии е низ старата чаршија во 19 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top