Ознака: стариот

СЕ ГРАДИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

Post Views: 2 Во тек се работни активности за изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош. Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедни од буџетот на Општина Охрид. Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки...

Continue reading

makdam

Санација на улиците низ охридски „Варош“

Post Views: 0 По средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата,  охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“ започнаа акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот. Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се преуредуваат коцките од калдрмата таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно...

Continue reading

soobrakajka

Настрада велосипедист кај Подмоље

Post Views: 6   Денес околу 12 часот и 30 минути, на стариот пат Охрид – Струга во непосредна близина на постојката кај селото Подмоље, настрада велосипедист.   Како што дознава ТВМ во велосипедистот удрило возило марка Форд. Настанот го потврди портпаролот на СВР Охрид,  Стефан Димовски. Од она што од него успеавме да добиеме како информација, станува збор за лице на возраст од 50 до 55 години  и дека истото се здобило со тешки телесни повреди. Според Димоски повредениот итно бил  пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо – Охрид. Од СВР Охрид работат...

Continue reading

suvenirnici

Бенефитот од унифицираните сувенирници

Post Views: 0 Пред неколку месеци Охрид доби унифицирани туристички сувенирници од кои едната е лоцирана кај стариот чинар ,другата на градското пристаниште а се очекува наскоро да биде отворена и третата продавница наспроти градската пошта. Министерката за култура Канческа-Милеска при отоворањето потенцира дека овие сувенирници имаат огромна важност за сите посетители и туристи бидејќи тука ќе можат да си купат автентичен сувенир кој го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседува нашата држава. Покрај економскиот бенефит овие сувенирници ќе допринесат и...

Continue reading

plan

Бурни реакции за ДУП-от за првата урбана заедница

Post Views: 5 Презентацијата на Предлог-деталниот урбанистички план за првата урбана заедница ја вжешти атмосферата во општинската зграда. Голем дел од жителите кои живеат во стариот дел на градот реагираа на  новиот предлог-план за оваа урбана заедница. Не може план за стариот дел на Охрид да се носи без да се изврши геометарско испитување. Јас доставив доказ дека не се исти основите. Планот е изработен на стари, а не на нови основи. Дадов 200 евра да се направи геометарски елаборат затоа што не беше снимен еден кат. А пред мене воведоа два ката со тоа ги покрива комплетно. растојание...

Continue reading

demontiran

Демонтиран еден од билбордите кои беа запленети од УЈП

Post Views: 4 Во текот на вчерашниот ден беше демонтиран еден од рекламните билборди, кои се поставени на Бул.„Туристичка“. Ова е само еден од неколкуте рекламни билборди кои се поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град, а на кои веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети. Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама. Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“...

Continue reading

toalet

Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот

Post Views: 8 Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат. Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па затоа...

Continue reading

erazmo

До болницата Св Еразмо, без сигнализација по стариот пат

Post Views: 0 Стариот пат Охрид – Струга е во лоша состојба. Тој веќе неколку години е запоставен од надлежните институциии кои се одговорни за негово одржување. Можеби овој патен правец и не би бил толку интересен ако само на неколку километри од Охрид, единствено по тој пат треба да поминете за да стигнете до реномираната и угледна Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Е тука веќе се јавува проблем. Не постои ниту еден сообраќаен знак на влезот од Охрид и Струга, кој ќе ве насочи во правец на болницата. Состојбата е полоша во ноќните часови бидејќи нема никакво...

Continue reading

sojuz

29-ти Ноември во спомените само како стариот Југословенски празник

Post Views: 0 Денес се одбележува 29 -ти Ноември историски датум значаен за македонската државотворност. На овој ден пред 7 децении во Јајце на заседанието на Авној се удрени темелите на македонската држава, нација и јазик  во рамките на поранешната југословенска држава. На историскиот датум кој некогаш имаше големо значење сега се сеќаваат само постарите граѓани. Денес граѓаните се сеќаваат на датумот 29-ти Ноември  само како на стариот Југословенски празник. На овој историски датум денес повеќе се сеќаваат постарите граѓани додека за помладите  нема никакво значење.Сојузот на борците...

Continue reading

leten soobrakjaj

Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени

Post Views: 6 Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени. „Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа...

Continue reading

Ohrid star del

ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид

Post Views: 24 Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија  не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи  дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола.  Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната. „Го изработија луѓе професионалци во...

Continue reading

fenerce

Ќе се вратат ли фенерчињата во стариот дел на градот?

Post Views: 0 Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има. Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен. „Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top