Ознака: состојбата

stanovi

Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Post Views: 12 Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.   „ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во Скопје...

Continue reading

parking

Што беше тоа организиран паркинг простор?

Post Views: 8 Голем број станбени објекти во Охрид без соодветен и неопходен паркинг простор. Зошто надлежниот инспекторат не ги санкционира инвеститорите, што не го обезбедуваат потребниот паркинг простор пред станбените објекти? Граѓаните на Охрид, ова прашање не ретко го поставуваат до нашиот медиум. Тие сметаат дека во општинава низ прсти се прогледува на една ваква се позачестена и незаконска појава, поточно дека инвеститорите кога се работи за обезбедување на потребните паркинг места пред зградите, манипулираат со тоа. Одлично поткован за проблемите во урбаната сфера е овластениот...

Continue reading

Prespansko i Ohridsko ezero

Состојбата во Преспанското езеро влијае и врз Охридското

Post Views: 19 Охридската јавност веќе неколку недели ја брануваат случувањата со угинувањето на плашицата во каналот Студенчишта. Како тоа да беше малку, вчерашните препукувања околу тоа кој бил виновен за политизирање на целиот проблем, дополнително ја усложни ситуацијата. Од коментари со политичка конотација денес се огради државниот секретар при министерството за животна средина, д-р Соња Лепиткова. Таа посочи дека грижата за овој чувствителен еко-систем треба да биде на исклучително ниво и дека ова е проблем кој не засега сите. Д-р Лепиткова го потврди веќе добро познатиот став...

Continue reading

blato

Студенчишкото блато и ЛEАП-от чекаат амин од советниците

Post Views: 0  Предлогoдлуката за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид и информацијата за изработка на интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање на мерки за негова ревитализација пред советниците.   „Добро е што конечно локалниот еколошки акционен план е изработен и истиот е ставен на седница на совет“, вели советникот Дејан Пановски, човекот кој во 2008 год. лобираше за да се изработи ваков план.   Локалниот еколошки акционен план е документ кој општината треба да го искористи најмногу, за да ги промовира...

Continue reading

humanitarni paketi

Хуманитарни пакети за најзагрозените

Post Views: 2 Сашо Точко, му го честита кумството на Чифлиганец и му се заблагодари за неговото учество во хуманиот гест, вклучувајќи се во оваа акција. Точко вели дека изборот на 50 социјално најзагрозени семејства е направен според нивна селекција, скенирајќи ја состојбата на сите кои се пријавуваат. Тој се надева дека на овие семејства до година состојбата ќе им се подобри и ќе можат сами да допринесат за подобар живот, а со тоа и за подобра егзистенција. Воедно, Точко ги покани сите присутни, утре да бидат дел од атмосферата за фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро....

Continue reading

lizgavo

Опасно е, се лизга!

Post Views: 0 Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....

Continue reading

bazen

Изградбата на затворениот базен започнува во септември

Post Views: 0 Изградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше и прецизирано дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „ Најпрво е донесена одлука за базените во Крушево и Охрид и тоа е најверојтно месец септември месец, се разбира ако бидат...

Continue reading

Velice Markoski

Наместо за урбанизам, советниците дискутираа за здравството

Post Views: 0 Наместо да дискутираат за урбанизмот, на денешната седница советниците дискутираа само за состојбите во охридското здравство. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ова претставува обид за дефокусирање на вниманието на јавноста од точките кои се однесуваа на сферата на урбанизмот. „Проблемот што го воочивме и на комисијата за урбанизам е многу сериозен. Имено воочивме дека НДУП, со конечните урбанистички планови кои се донесуваат пред гласање имаат сериозни разлики. Разликите можно е да потекнуваат од јавната анкета, можно е да потекнуваат од мислењето на Мин. За транспорт...

Continue reading

drvored isecen

Започна преуредувањето на дрворедите во градов

Post Views: 0 Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дрворедите низ градов. Станува збор за реализација на иницијативата на Локалната самоуправа од Охрид, со која старите неколку децениски стебла ќе бидат заменети со нови садници со што во голема мерка ќе се подобри сликата на градското зеленило. Причини поради кои од Локалната го започнаа овој проект се разните деформации на јавните површини, причинето од страна на големите стари стебла, како и  проблемите предизвикани од нивните корени на водоводно канализационата мрежа во градот. На реализацијата на проектот му...

Continue reading

jagula

Патот на јагулата, врзивна приказна за Дримскиот басен

Post Views: 65 Патот на јагулата, врзивно ткиво на целокупниот Дримски басен. На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Подгорица Црна Гора, а се однесуваат на Дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, претставниците на Регионалната иницијатива за животна средина т.н РЕНА потенцираа дека станува збор за вид којшто навистина има своја специфика и секако треба да биде ставен под заштита, информира секретарот Билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паноски. „После презентацијата увидоа тие и увидовме и ние дека имаме една прекрасна...

Continue reading

evn

Сметките доцнат, а каматата точна ко швајцарски саат

Post Views: 0 Доцнат јулските сметки за надомест на електрична енергија, во Варош. Дел од жителите на Охрид од старото градско јадро велат, дека ова не се случува само сега, туку дека овој проблем месеци наназад се провлекува и никако да се надмине. Тие велат дека познат им е и одговорот од страна на ЕВН, дека проблемот потекнува поради доцнење со достава на сметките од страна на „Македонски пошти“. Варошани посочија дека до 15 ти август е законски рок за наплата на сметката за месец јули, која сеуште не ја имаат примено, после што се пресметува затезна камата и сметаат дека точно...

Continue reading

novinari

Слобода на медиуми, а што беше тоа?

Post Views: 7 Дали во земјава воопшто може да се говори за слобода на медиумите или оваа реченица ќе остане само идеал кој е тешко достижен? 95 нации се наоѓаат пред нашата според слободата во известувањето. Како да се подобри ваквата ситуација? Како да се стигне барем блиску до Норвешка, Финска и Шведска каде медиумите најслободно известуваат? Одговор на овие прашања можеби никогаш нема да добиеме. Состојбата во која го дочекавме Светскиот ден на слободата на медиумите е далеку од посакуваната. Генерално гледано, земјава се соочува со сериозни пречки во објективното и слободно известување,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top