Наместо за урбанизам, советниците дискутираа за здравството

За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ова претставува обид за дефокусирање на вниманието на јавноста од точките кои се однесуваа на сферата на урбанизмот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Velice Markoski
Velice Markoski

sednicaНаместо да дискутираат за урбанизмот, на денешната седница советниците дискутираа само за состојбите во охридското здравство. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ова претставува обид за дефокусирање на вниманието на јавноста од точките кои се однесуваа на сферата на урбанизмот.

„Проблемот што го воочивме и на комисијата за урбанизам е многу сериозен. Имено воочивме дека НДУП, со конечните урбанистички планови кои се донесуваат пред гласање имаат сериозни разлики. Разликите можно е да потекнуваат од јавната анкета, можно е да потекнуваат од мислењето на Мин. За транспорт и врски, но никаде не постои извештај од јавната анкета и ресорното министерство да видиме дали НДУП се идентични со она што се става пред маса да се гласа.“ објасни Паноски.

Дневниот ред на 41-то издание на седницата на советот беше надополнет со уште две точки, од кои едната беше Предлог одлука за давање согласност на правилникот за организација и систематизација на работните места на директорот и јавните службеници во градинката „Јасна Ристеска“ и точката со која се започна, Разгледувањето на состојбата со здравството во општина Охрид. Но никој не се надеваше дека токму оваа точка ќе биде онаа која ќе ги исцрпи советниците. Советничката од редовите на СДСМ, Виолета Мицковска истакна дека состојбата со здравството во градот е алармантна, дека нема ништо од ветувањата дека за 16 месеци ќе имаме современа болница, а дека трпи не само примарното, туку најмногу секундарното здравство во градот.

sednica„Нашите пациенти се изложени на ненавремена и несоодветна здравствена нега, а не онака како со Законот за здравствена заштита им е загарантирана и тоа поготово во оние витални гранки на здравството, како урологија, хирургија, гинекологија и други на кои навистина од витално значење сати и денови им се за да се реши нивната здравствена состојба“ кажа Мицкоска.

Мицковска го потенцира проблемот со анестезиолозите кои се на служба во струшката болница, додека тука се во состојба на приправност, и јавно запраша до кога ќе трае оваа состојба. Величе Маркоски, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со спротивставено мислење. Тој изјави дека само Општата болница не го чини здравството во Општина Охрид. А состојбата со неа е далеку подобра од таа што се прикажува и според последната остварена посета на Министерот за здравство.

„Болницата, работи. Кој вика дека не работи? Кожно, детско, одделение се во функција. Колешката бара анестезилог да бара каде нема оператива? Нормално, колегите се распоредени на други работни места во Струга. Министерот кажа дека за најмногу 18 месеци ќе биде направена“, објасна Маркоски.

После долгата дискусија околу оваа точка, не беа донесени ниту заклучоците за истата. Седницата беше прекината и истата е закажана за петок, 02.12 во 10 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top