Ознака: светот

Овој човек ги тужи сите за неверојатна сума на пари

Post Views: 0 Тој бара отштета поради: загрозување на општествени права, лични повреди, дискриминација на национална основа, вознемирување, измама, обид за убиство, намерно нанесување на емотивна болка и проневера…, пишува New York Post. 62-годишниот Anton Purisima поднел своерачно напишана тужба против градот New York, пекарница, две локални болници, кмарт продавница, сопственик на куче и на секоја втора личност на која можел да се сети, барајќи отштета од секстилион долари – тоа е повеќе од сите постоечки пари во светот. Purisima во судот се претставува самиот себе во надеж...

Continue reading

Десет места кои не смеат да се видат на мапите на Google

Post Views: 1 Иако мапите на Google се смислени за да ги приближат убавините на светот на луѓето, сепак постојат некои места кои не можете да ги видите. Кралската палата во Амстердам, Холандија. Таа е само една од многуте градби во сопственост на холандската кралска фамилија која е замаглена на Google. Меѓународниот аеродром Buffalo Niagara. Овој аеродром е видлив ако не е зумиран, а тогаш ќе забележите дека е избелен и не можат да се видат детали. Нациналниот парк Tantauco, Чиле. Овој национален парк може да се види само како црвен знак на снимката. Тој приватен природен резерват...

Continue reading

Alibaba е сериозна закана за западот

Post Views: 4 Кинеската компанија за интернет трговија, Alibaba, има потполно поинаков модел за работа од западните конкуренти. Излезот на њујоршката берза е само почеток: кинеските дигитални концерни ја освојуваат Азија, а наскоро би можеле да ги стават во сенка Amazon, Facebook и други интернет гиганти, стравуваат на запад. Кога Кина ќе влезе во некоја работа, тогаш тоа е многу големо. Тоа го покажува и интересирањето за најавата за излез на Alibaba на берзите во САД. Се проценува дека нивниот излез на пазарот ќе биде најголемата работа во историјата на берзанското тргување во светот,...

Continue reading

Султанот на удар на јавноста

Post Views: 3 Султанот од Брунеи, во југоисточна Азија, неодамна дошол на удар на светската јавност поради воведувањето на шеријатскиот закон спрема кој хомосексуалците се каменуваат а на арамиите им се сече рака. Воведување на смртна казна е следниот неизбежен чекор, пишува Business Insider. Таа кралска фамилија е најбогата на светот, а богатството на султанот се проценува на 20 милијарди долари. За каков раскошен живот се работи, говори податокот дека султанот живее во палата со 1788 соби и 257 купатила! Неговата палата е втора најголема во светот,  зад кинескиот забранет град....

Continue reading

Секој од нас е должен 48 милиони евра

Post Views: 1 Huffington Post направил своја проценка и дошле до неверојатна сума од 48 милиони евра, која ја должи секој жител на планетата, на музичката и филмска индустрија, а причината е нелегално превземање на песни и филмови. Претпоставиле дека лице помеѓу 7 и 84 години во текот на својот живот нелегално превзема 2900 песни. Тоа пак значи дека целокупното население од планетава нелегално превзело 20.300.000.000.000 песни. Понатаму, за секоја од нив, доколку судот пресуди дека е користена нелегално, треба да плати 16.137 евра отштета. Со едноставно множење се добива сума од вртоглави...

Continue reading

Листа од најбогатите сопственици на англиските клубови

Post Views: 1 Во Англија не царува “socios” моделот како во Шпанија или Германија. Таму на чело на најбогатите клубови се богати Руси (Челзи), Американци (Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул) или Арапи (Манчестер Сити). Откако Forbes излезе со најновата листа на светски милијардери, интересно е да се види каде се сопствениците на клубовите од Премиер лигата. Најбогат и најдобро позициониран на таа листа е вториот најголем акционер во Арсенал, Alisher Usmanov кој е 71-ви најбогат човек на светот. Тежок е, како што пишува Forbes, 14,4 милијарди долари. Но, оној кој има најмногу акции...

Continue reading

Сериозно предупредување од СЗО

Post Views: 1 Најголема отпорност на антибиотици покажуваат бактериите кои предизвикуваат дијареа, пневмонија и гонореја. Многу заразни болести кои денес се сметаат за малку опасни би можеле повторно да станат сериозна опасност ако не се превземе нешто на светско ниво против отпорноста на бактериите од антибиотиците, предупредила Светската здравствена организација (СЗО). СЗО во новото соопштение, првото посветено на отпорноста на микроорганизмите на антибиотици во светот, истакнува дека таа серозна закана повеќе не е само можност туку станува реалност во сите делови на светот и секој,...

Continue reading

Славните Италијани сепак виновни

Post Views: 1 Судот во Италија ја отфрлил жалбата на славниот дизајнерски двоец Dolce&Gabbana. Доменко Долче и Стефано Габана се обвинети  за затајување на данок и осудени на една односно шест месеци затвор. Бидејќи казните се изречени под двегодишниот минимум сепак тие ќе мора некое време да бидат во вистински притвор, пишува Business of Fashion. Дизајнерите, кои компанијата Dolce&Gabbana ја основале пред 28 години, жестоко ги негирале обвиненијата и ги нарекле апсурди. 50 годишниот Доменико и 54 годишниот Стефано беа обвинети поради продажбата на своите брендови “D&G”...

Continue reading

Швајцарија најскапа на планетата

Post Views: 5 Швајцарија и Норвешка се две земји во светот каде животот е најскап, потоа следат Бермудските острови, Австралија и Данска, соопштила денес Светската банка. Меѓу земјите со висок доход, САД нудат најефтин живот, открива студијата која ја правела Светската банка. Спротивно, земји со најниски цени за живот се Египет, Пакистан, Мјанмар, Етиопија и Лаос, се наведува во истражувањето кое се базира на вредноста на локалната валута и куповната моќ на луѓето, пренесува швајцарскиот весник 20minuten. САД, првата економија во светот, го завзеде 25 место по скапотија, што е далеку...

Continue reading

Највисока градба во светот

Post Views: 1 Вчера започна изградбата на најголемата зграда во светот која ќе ја пробие границата од еден километар. Таа се гради во Џедаха во Саудиска Арабија под името Kingdom Tower а буџетот за изградба изнесува 1,23 милијарди долари. Зградата ќе биде 173 метри повисока од сегашната највисока зграда во светот Burj Khalifa во Дубаи, а отворањето е закажано за 2019 година. За напомена, разликата во висина од 173 метри е висината на една зграда од 53 спрата. Кулата ќе биде комбинација од станбен и деловен простор, во која исто така ќе се сместени хотел, канцеларии и голем број на...

Continue reading

Референдум за минимална плата

Post Views: 1 Моментално немаат пропишана минимална плата, но 90% од работниците во Швајцарија веќе земаат повеќе од 4000 франци месечно. Швајцарските избирачи излегуваат на референдум на 18 мај на кој ќе гласаат за минимална плата од 22 франци на час, односно 4000 франци месечно, и така би можеле да станат земја која е на прво место во светот по висината на минималната плата. Заговорниците за воведување на минимална плата сметаат дека оваа мерка ќе помогне на работниците бидејќи трошоците на животот во Швајцарија се големи. Иако во Швајцарија има големи компании како Нестле или Новартис,...

Continue reading

Изрази кои се памтат без оглед на годините

Post Views: 3 “Вози Мишко”, “И тата би сине”, се популарни фрази кои и денес ги изговараме како сами да сме ги смислиле. Има многу начини да се каже некоја иста работа. Начинот на говорот и фразата кои ги користиме кон соговорникот не ја пренесуваат само моменталната порака туку и нешто од самиот карактер, образованието и гледањето на светот, за опкружувањето каде припаѓаме, или барем сакаме да припаѓаме и за смислата за хумор.  Некои реченици од филмовите, а особено од оние на екс Југославија, станале толку популарни што ги изговараме како сами да сме ги смислиле. Зошто баш тие а...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top