Сериозно предупредување од СЗО

Отпорност на бактериите

 |  инфодеск  | 

Најголема отпорност на антибиотици покажуваат бактериите кои предизвикуваат дијареа, пневмонија и гонореја.

Многу заразни болести кои денес се сметаат за малку опасни би можеле повторно да станат сериозна опасност ако не се превземе нешто на светско ниво против отпорноста на бактериите од антибиотиците, предупредила Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО во новото соопштение, првото посветено на отпорноста на микроорганизмите на антибиотици во светот, истакнува дека таа серозна закана повеќе не е само можност туку станува реалност во сите делови на светот и секој, независно од староста и земјата, може да биде погоден.

Ако не се превземе нешто по ова прашање од страна на светските лидери, светот е на пат да влезе во постантибиотска ера во која обичните инфекции и помали повреди, кои се лекуваат со децении, повторно ќе убиваат луѓе, предупредува Кеиџи Фукута, заменик на главниот директор на СЗО за санитарна сигурност.

Ако не се превземат мерки за подобра превенција на зарази, но и ако не го промениме начинот на производство и начинот на препишување и користење на антибиотиците, малку по малку ќе го изгубиме антибиотикот како корисно средство за светското јавно здравје, а последиците ќе бидат катастрофални“, порачува Фукута.

Соопштението, кое се темели на податоци собрани од 114 земји, става најголем нагласок на отпорноста на антибиотици на седум бактерии кои предизвикуваат тешки болести, како што се хематолошки инфекции, дијареја, пневмонија, зараза на уринарните патишта и гонореја.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top