Alibaba е сериозна закана за западот

Кога Кина ќе влезе во некоја работа таа е навистина голема…

 |  инфодеск  | 

Кинеската компанија за интернет трговија, Alibaba, има потполно поинаков модел за работа од западните конкуренти.

Излезот на њујоршката берза е само почеток: кинеските дигитални концерни ја освојуваат Азија, а наскоро би можеле да ги стават во сенка Amazon, Facebook и други интернет гиганти, стравуваат на запад.

Кога Кина ќе влезе во некоја работа, тогаш тоа е многу големо. Тоа го покажува и интересирањето за најавата за излез на Alibaba на берзите во САД. Се проценува дека нивниот излез на пазарот ќе биде најголемата работа во историјата на берзанското тргување во светот, и дека вредноста на продадени акции ќе преминат фантастични 20 милијарди долари.

Колку е тоа огромно котирање покажува податокот дека излезот на берза на Google донесол 1,4 милијарди долари, Twitter, минатата година привлече 2,1 милијарди, додека најголемиот конкурент на Alibaba, еBay, во 1998 година излегол на берза со вредност од само 0,07 милијарди долари. Настапот на Alibaba на Wall-street ќе го засени и помпезно најавување на котирањето на Facebook од пред две години кое изнесувало 16 милијарди долари, и тоа со полно право.

За разлика од Facebook кој се финансира од реклами, Alibaba има потполно друг модел. Тие ги спојуваат добавувачите од Кина со клиентите од остатокот на светот и од секоја трансакција земаат провизија. Само во тек на минатата година Alibaba имал 200 милијарди долари промет, а секоја трансакција носела заработка“, вели аналитичарот Дамир Новотни.

Спрема неговите зборови, за вака голем промет допринела и релативната затвореност на кинеската економија, бидејќи за да најдеш нешто во Кина, или да дојдеш во контакт со нејзините производители, е практично невозможно без Alibaba.

Не е ни чудно зошто инвеститорите се заинтересирани да станат сопственици на акции на Alibaba кој ги спојува кинеските производители со остатокот на светот, затоа што добивката е загарантирана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top