Швајцарија најскапа на планетата

Студија на светската банка

 |  инфодеск  | 

Швајцарија и Норвешка се две земји во светот каде животот е најскап, потоа следат Бермудските острови, Австралија и Данска, соопштила денес Светската банка.

Меѓу земјите со висок доход, САД нудат најефтин живот, открива студијата која ја правела Светската банка.

Спротивно, земји со најниски цени за живот се Египет, Пакистан, Мјанмар, Етиопија и Лаос, се наведува во истражувањето кое се базира на вредноста на локалната валута и куповната моќ на луѓето, пренесува швајцарскиот весник 20minuten.

САД, првата економија во светот, го завзеде 25 место по скапотија, што е далеку зад многу земји со висок доход по жител. Споредбена куповна моќ имаат Катар, Кувајт и Брунеи.

Како што наведува весникот понатаму, една слична студија од 2005 година открила дека земјите со среден доход имаат најзначаен дел во светската економија, кој се повеќе се зголемува, на сметка на најбогатите и најсиромашните држави.

Во 2011 година, спрема податоците на Светската банка, скоро половина од светскиот доход кој тогаш изнесувал 90.600 милијарди долари, потекнува од земјите со слаб и среден доход.

Малави, Мозамбик и Либерија имаат најнизок БДП по глава на жител, односно помалку од 1000 долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top