Post Views: 0
Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга, уште сега се подготвува за следната туристичка сезона. Интензивно се преговара со италијанска компанија која е заинтересирана и сериозно ангажирана за вложување во градот за рециклирање на отпадот. Истата таа компанија на Струга ќе и донира 3 моторни возила како и други машинерии за собирање и пренесување на сметот.
„Оваа донација ќе ни биде од голема корист а истовремено ќе ни ја олесни и нашата работа. Иако секоја година во програмата на претпријатието е предвидено да се набават машини, сепак средствата се проблем“- истакна...
Post Views: 2
Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. На денешната седница Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ и ја потврди Спогодбата за присоединување.
На денешната триесет и шеста седница, Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ од 04.11.2019 година...
Post Views: 2
Северниот влез во Охрид наскоро ќе добие современ изглед. Со претходна одлука на градскиот совет, Локалната самоуправа обезбеди изведување на инфраструктурни проекти за поголема безбедност на пешаците и велосипедистите со изградба на тротоари и велосипедски патеки на 15 ти Корпус. Во меѓувреме и ЈП за Државни патишта минатата недела ја заврши постапката за избор на изведувач на рекoнструкцијата на оваа улица, инфoрмира охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
„Избран е изведувач на горниот слој на улицата за износ од 30 милиони денари. Остатокот од инвестицијата...
Post Views: 13
По налог на Општина Дебарца, Јавното Комунално Претпријатие „Дебрца“ започна со акција за расчистување на дивите депонии во село Волино.
Надлежните упатуваат апел до жителите од овој регион, да не фрлаат отпад на локацијата која е расчистена , посочувајќи дека во споротивно ќе бидат приморани да преземат мерки за санкции на несовесните граѓани.
{loadposition content9}
Post Views: 2
На 12-ти април, петок, во Хотел Лебед во Охрид ќе се одржи Информативен настан за избор на „Иновативно претпријатие на годината”.
Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот.
Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29 мај...
Post Views: 2
Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира. Во 2018 година претпријатието вратило стари долгови кои датирале уште од 2012 во висина од 5 423 000 ден. Во оваа година првпат од постоењето е даден регрес за годишен одмор во висина од 5000 ден. по вработен. Во 2018 година е зголемена платата на вработените во висина од 10%. Исто така е помогната синдикалната организација со 60 000 ден.
Имаме многу поголемо ангажирање. Направивме добар тим со истите вработени кои беа и претходно, го извадивме потенцијалот кој претходно не можел да дојди до израз. Но,...
Post Views: 2
Набавени седум комунални возила за потребите на ЈП Охридски комуналец. Современите возила се обезбедени од Локалната самоуправа со кредитна линија од Светска банка во вредност од 450.000 евра. Покрај овие возила , лани беа набавени уште 5 возила од истата кредитна линија со грејс период и исплата од февруари 2018 година, напомена на денешната презентација в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески истакна дека ова е неопходна модернизација на претпријатието, а локалната самоуправа покажува дека работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со инвестиции во...
Post Views: 10
Смената на раководството во ФК Охрид 2004 ја разнежни директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во зависност од моменталните услови фудбалерите ќе имаат можност и повеќе од еднаш да тренираат на главниот терен-вели таа. Односот на јавното претпријатие кон фудбалерите секогаш ќе биде коректен-додава Јованоска.
На повидок е закопување на воените секири помеѓу локалната, јавното претпријатие „Билјанини извори“ и фудбалскиот клуб Охрид 2004. Се чини се започна по смената на раководството на овој клуб со кое локалната и ЈП „Билјанини извори“ немаа најдобри...
Post Views: 1
Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. За него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со продажба...
Post Views: 1
Струшките советници не попуштаат. Ниту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го...
Post Views: 6
Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....
Post Views: 3
Во Струга поради снегот прекинат е и образовниот процес во средните и основните училишта. Многу планински села се непроодни и отсечени од градот. До нашата редакција пристигнуваат бројни дописи и јавувања од стружани кои се загрижени за состојбата со снегот и нерасчистените патишта, а некои сметаат дека во градот треба да се прогласи и вонредна состојба. Само за пример, на 14 километри од Струга во Охрид, состојбата е сосема различна. За тоа се грижи охридското комунално претпријатие.
{loadposition content9}