Подновена работната механизација на јавното претпријатие Охридски комуналец

Набавени се седум современи возила за транспорт на комунален отпад и чистење на градските улици. Граѓаните ќе добијат подобра услуга, а претпријатието ќе работи поефективно и со помали расходи кои досега одеа за набавка на резервни делови за застарените возила.

 |  Валентина Неловска  | 

Набавени седум комунални возила за потребите на ЈП Охридски комуналец. Современите возила се обезбедени од Локалната самоуправа со кредитна линија од Светска банка во вредност од 450.000 евра. Покрај овие возила , лани беа набавени уште 5 возила од истата кредитна линија со грејс период и исплата од февруари 2018 година, напомена на денешната презентација в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески истакна дека ова е неопходна модернизација на претпријатието, а локалната самоуправа покажува дека работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со инвестиции во јавните претрпијатија и во иднина. Покрај модерните возила за одведување на комунален отпад работната механизација е подновена и со трактор кој ќе има повеќе наменски функции, истакна в.д градоначалникот Георгиески.

„Со денешната презентација на возилата ЈП „ Охридски Комуналец“  ќе го зголеми својот капацитет, а се зголемува и услужноста кон граѓаните. Имавме можност да видиме во изминатиов месец како се справуваме со снегот сега е набавен и трактор на кој ќе биде поставен нож за чистење на снегот“, напомена в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

Потребата за модернизација на ЈП Охридски Комуналец ја увиде и поранешниот градоначалник Јован Стојаноски, а таа постапка ја заврши в.д градоначалникот Константин Георгиески, напомена Љупчо Грданоски директор на ЈП Комуналец. Грданоски, посочи дека новите возила ќе дадат голем придонес во ефективното работење и ќе ги намали расходите на претпријатието.

„ Со ова дополнување ЈП е комплетно опремено и најголема добивка за нас ќе има во намалување на расходната ставка за резервни делови која изнесуваше и по еден милион денари месечно“, вели директорот Љупчо Грданоски.
Набавени се 3 комунални возила од по 20 и 8 кубици, но и 2 специјални камиончиња со носивост од 3 кубици за одведување на комунален отпад во стариот дел од Охрид. Исто така, трактор со повеќе наменски функции и цистерна за миење на улиците.
Возилата ќе бидат предадени на ЈП Охридски комуналец на следнат седница на Советот на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top