Ознака: првото

Започнува првото издание на Охридскиот филмски фестивал на ангажиран филм

Post Views: 1 Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски и хрватскиот режисер Зрињко Огреста вечерва започнува новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот, Охрид Филм Фест. Овој прв филмски фестивал од ваков вид во нашиот град, ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Охрид Филм Фест воедно во фокусот ќе ги стави студентските и младински филмови со подеднаква застапеност и на играни и на документарни филмови. Освен богатата филмска програма,...

Continue reading

Пожарникарите загрижени од градежниот хаос

Post Views: 2 Во првите пет месеци од оваа година, 40 –те  охридски  пожарникари, интервенирале во 92 случаи, вели Спасе Прентоски, командир на противпожарната единица. Во Охрид, Дебрца и Струга се изгаснале 54  пожари врз објекти, 30 на отворен простор, 8 на сообраќајни средства и 9 пати имало технички  интервенции. Сите пожари завршиле со материјални штети, но за среќа без човечки жртви, нагласува Прентоски. Додава, вообичаено на Денот на пожарникарството, кој се прославува денес, се бира и најдобриот пожарникар, но годинава таков избор нема.„Мината година имаше интервенции од...

Continue reading

struga

Како Струга нема друга

Post Views: 12 Оваа изрека секој стружанец ја знае дури и во сон, но ја знаат и во земјава, а бога ми и надвор од неа. Градот кој е распослан на двата кеја од реката Црн Дрим и долж северната страна од ревиерата на Охридското езеро, има богато минато. Хотелот на Стефан Томан кој спечалил пари кај Алкапоне е дел од тоа минато. За Струга мора да се знае. Во овој град во текот на историјата се менувале најразлични господари кои секој на свој начин оставале дел од својата култура. Денеска малку е зачувано од тоа време. Во Струга сеуште има живи сведоци кои несебично се залагаат да го...

Continue reading

Се чека првото бебе во Охрид

Post Views: 1   Годинава во Охрид започна без принова. На одделението за гинекологија при општа болница  сеуште се чека првото новороденче во Новата 2016 год. Меѓутоа охриѓанка се породила во Струга, па така првото охриѓанче според информациите од Општа болница во Струга е родено на ова одделение. За разлика од Охрид, соседна Струга, годината ја започна со 5 новороденчиња. Првото родено е во 6 часот и 55, машко дете со тежина од 3 150 грама. Според народните кажувања ако прво родено во новата година е женско, годината ќе биде бериќетна. Како ќе биде тоа годинава допрва ќе видиме.

Continue reading

prvo bebe

Прво па машко

Post Views: 5 Првото бебенце кое се роди утрово сеуште нема име, се надеваме дека неговото братче и сестриче сериозно размислуваат на ова прашање. Инаку годинава мајката и бебето не ги посети ни еден од двајцата градоначалници. Градоначалникот Александар Петрески вели дека без оглед на фактот што првото бебенце е од Охрид, сепак не е во ред тој да ги посети на Струшки терен. Вели дека се што го следува ова бебенце од локланата самоуправа нахнадно ќе му биде врачено во неговиот дом. Најави дека  тој лично ќе ги посети најверојатно за големиот христијански празник Божиќ.Што се однесува...

Continue reading

„Откровение Захариево“ е првото авторско дело на Златко Попоски

Post Views: 0   Промовирана книгата „Откровение Захариево“ од Златко Попоски. Авторот Попоски ги доближува до читателите поучните начела од најголемите светски религии, христијанската, еврејската и муслиманската. Во неа се поместени цитати и мудри беседи од светите книги Библијата, Куранот и Талмудот. Попоски започнал да го создава ова дело пред 2 децении, но како што вели, требало да помине време за да созреат услови за објавување на книгата. Религијата била присутна во неговото семејство со векови и по таткова и по мајчина страна. Попоски раскажува дека го посетил Ерусалим два пати,...

Continue reading

Градски татковци

Заседаваат градските татковци

Post Views: 1 Денес во просториите на општина Охрид ќе се одржи седница на Советот на градски татковци. На седницата покрај членовите на советот ќе присуствуваат и претставници на банките и градежните компании. Планирано е да се дискутира најмногу  за економскиот развој на Охрид. Повеќе информации во првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА. {loadposition content9}  

Continue reading

вртелешка

Продолжува уништувањето на детските игралишта во градов

Post Views: 9 Детските игралишта каде што децата минуваат дел од времето во игра, се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, а сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите, бабите и дедовците кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат ваквиот унуштувачки однос. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во...

Continue reading

plostad

Првото утро во новата 2015та угостителските објекти во Охрид осамнаа со бројни туристи од соседството

Post Views: 9 Првото утро во новата 2015та година Охридската чаршија, кејот, угостителските објекти осамнаа со бројни туристи, претежно од нашето соседство. По најлудата ноќ во годината, бројните групи со туристи, ги искористија сончевите зраци за да прошетаат низ градот. Иако на само ден-два пред дочекот на Новата Година хотелиерите и угостителите стравуваа од откажување на аранжманите и помала посетеност, сепак зимските услови, тешката проодност на патиштата, не ги поколебаа нашите соседи од Србија, Бугарија, Албанија, Грција, последните моменти од старата и првите моменти од новата...

Continue reading

bebe

Првото бебе во Македонија во 2011 е женско

Post Views: 2 Првото бебе во 2011 во Македонија е женско.  Родено е во 00,01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Тешко 3 килограми и 800 грама и долго 51 центиметри. Среќната мајка е Тања Шипинковска, родена во 1982 година, на која ова и е второ дете. Бебето и мајката денеска ќе  ги посети Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. {loadposition content9}

Continue reading

parfume

Парфем од милион долари…буквално

Post Views: 0 Њујоршкиот бренд DKNY се здружи со познатиот експерт за накит Мартин Кац за го создаде првото и единственото шишенце за парфем од милион долари. Екстравагантното шишенце е изработено од 14-каратно жолто и бело злато и нешто помалку од 3000 скапоцени камења од целиот свет. За да биде изработено шишенцето, на Кац му биле потребни 1500 часа. Парфемот во шишенцето се вика DKNY Golden Delicious. Откако луксузниот парфем ќе го прошета светот (од Лондон, преку Мексико до Малезија), ќе биде продаден за хуманитарни цели. Средствата ќе бидат донирани во организацијата Action...

Continue reading

cveke

Илинден одбележан во Охрид

Post Views: 3 Македонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа. „Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и просперитет...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top