Како Струга нема друга

Оваа изрека секој стружанец ја знае дури и во сон, но ја знаат и во земјава, а бога ми и надвор од неа. Градот кој е распослан на двата кеја од реката Црн Дрим и долж северната страна од ревиерата на Охридското езеро, има богато минато. Хотелот на Стефан Томан кој спечалил пари кај Алкапоне е дел од тоа минато.

 |  Билјана Николоска  | 
struga
струга

Оваа изрека секој стружанец ја знае дури и во сон, но ја знаат и во земјава, а бога ми и надвор од неа. Градот кој е распослан на двата кеја од реката Црн Дрим и долж северната страна од ревиерата на Охридското езеро, има богато минато. Хотелот на Стефан Томан кој спечалил пари кај Алкапоне е дел од тоа минато.

strugaЗа Струга мора да се знае. Во овој град во текот на историјата се менувале најразлични господари кои секој на свој начин оставале дел од својата култура. Денеска малку е зачувано од тоа време. Во Струга сеуште има живи сведоци кои несебично се залагаат да го пренесат се она што го знаат за минатото на родниот крај. Сотир Опечески, професор по географија во пензија, несебично застана пред камерата на ТВМ. Неговото неисцрпно знаење за Струга не може да се смести во еден прилог. Опетчески зборуваше за некои од сеуште зачуваните вредни автентични градби во струшката чаршија како и за нивните сопственици. Тука го спомна и делото на академскиот сликар Вангел Коџоман еден од првите македонски професори по ликовна уметност кој зад себе остави циклус слики насловен „Струга во минатото“. Тука уметникот одлично ги регистрирал староградските објекти кои денес ги снемува пред нашите очи.

СЕУШТЕ ПОСТОЈАТ ДЕЛ ОД ЗАЧУВАНИТЕ СТАРИ ГРАДБИ КОИ НЕ ВРАЌААТ ДАЛЕКУ НА СПОМЕНИТЕ ЗА СТАРА СТРУГА. ХОТЕЛОТ НА СТЕФАН ТОМАН КАКО ШТО СТРУЖАНИ ВО ТОА ВРЕМЕ  ГО НАРЕКУВАЛЕ ЛОКАЛИТЕТОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА СТРУШКАТА ЧАРШИЈА Е ПРВОТО МЕСТО КАДЕ ВО ДАЛЕЧНАТА ИЛЈАДА ДЕВЕТСТОТИНИ И НЕКОЈА ЗА ПРВ ПАТ СЕ ПРИКАЖАЛА АНТИЦА ОД РИСТО КРЛЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. РОДНОТО ОГНИШТЕ НА ПОЕТОТ КРЛЕ КАДЕ ЖИВЕЕЛ И ТВОРЕЛ Е ИСТО ТУКА СТРУГА ПОТОЧНО ТОА Е КУЌАТА ВЕДНАШ НАСПРОТИ ХОТЕЛОТ НА СТЕФАН. И НЕГОВАТА КУЌА Е СТАРОГРАДСКИ ОБЈЕКТ КОЈ ИМА СВОЕ ЗНАЧЕЊЕ. НО НЕ САМО ТОА ХОТЕЛОТ НА СТЕФАН ТОМАН Е ПОЗНАТ И ПО ПРВОТО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМ НА ПЛАТНО ИЛИ ПРВОТО СТРУШКО КИНО.

stara StrugaКако Стефан Томан успел да изгради хотел во тоа време, кажува Опетчески, кој има лични сознанија од Стефан Томан со кого се познавале по роднинска и влашка линија. Стефан Томан за три и пол години се вратил со голема сума пари. Раскажал дека работел во Чикаго во ресторан на Алкапоне.

Како интересен момент од прикажувањето на „Антица“, Опетчески раскажа за еден инцидент кој во тоа време се случил поради прикажувањето на драмата во хотелот на Стефан Томан. Стружани во тоа време биле поставени на тест за култура, што позитивно одговориле.

Хотелот на Стефан Томан од тогаш до сега претрпел многу измени, преобразби, а сега во моментов е казино. Од пред извесен период со денационализација на земјиштето вратен му е на неговиот внук, кој го носи неговото име, раскажува Опетчески. Во стара Струга се живеело многу добро. Длабоко врежени во сеќавањето на Опетчески се старите струшки ќепенци од кои денес за жал нема останато ниту еден пример. Опетчески смета дека овој раритет за кој има и староградска песна „На Струга дуќан да имам“, треба да се обнови и да се вметне како дел од туристичка понуда. Струга денес за жал е пренатрупана, тажно зборува нашиот соговорник. Од некогашната мала касаба денес може само тек тук да се сретне нешто автентично. Опетчески си спомна и за времето кога Струга не случајно се нарекувала град на мостови.

Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Овој град има богато културно и историско наследство. Според археолошките наоди и откриените напишани спомени, има податоци кои зборуваат дека животот во Струга датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3000 години п.н.е. Античкото име на градот е Енхалон, а што точно значи тоа и дали е поврзано со легендата за Струга, говори Опетчески добар познавач на минатото на овој град. Не бледеаат сеќавањата на Опетчески за стара Струга која била многу почиста отколку што тоа е денес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top