Ознака: охридската

Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција

Post Views: 11 Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш,...

Continue reading

Најмладите од охридската градинка со завршни приредби

Post Views: 0 „Мојот пријател полицаец“ и „Бон тон“. Децата од објектот Лихнида денес ги презентираа завршните активности на овие два проекти, а воедно и ја заокружија годината пред родителите и останатите гости. Директорката Розе Костеска истакна дека соработката со полицијата и тоа како допринела децата од мали нозе да се стекнат со основните познавања на сообраќајната култура, да ја препознаваат сообраќајната инфраструктура, знаци и правила. „Сета таа заедничка соработка вродува со плод и на крајот децата добиваат знаења како треба безбедно да се однесуваат со цел да имаат побезбеден...

Continue reading

Концесионерот на езерото бара забрана за лов на Охридската пастрмка од македонска и албанска страна

Post Views: 7 10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој заедно со...

Continue reading

Искршена двојазичната табла поставена на охридската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Post Views: 10 Искршена двојазичната табла поставена на охридската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Случајот е пријавен во СВР Охрид од каде испитуваат кој е сторителот. Оштетувањето на таблата е пријавено утрово околу 9 часот телефонски од страна на вработен во фондот по што е информиран Јавниот обвинител при што по негови насоки на местото на настанот извршен е увид. Во моментов СВР има информации за можниот сторител и се преземаат соодветни мерки за расветлување на овој настан. Морам да напоменам дека не се случени никакви нарушувања на јавниот ред и мир...

Continue reading

Притвор за осомничениот за убиството на охридската пензионерка

Post Views: 3 Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје. На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа...

Continue reading

Во тек е вештачкиот мрест на охридската пастрмка

Post Views: 6 Во тек е вештачкиот мрест на Охридската пастрмка.  Ловот и оплодувањето на собраната икра го  спроведува ЈНУ Хидробиолошкиот завод Охрид како овластена установа од областа на рибарството и регистриран репроцентар за производство на репродуктивен и порибитилен материјал, информира директорката на заводот Елизабета Сарафилоска. Ловот се спроведува вообичаено на риболовни локалитети во Охрид, Пештани и Трпејца, укажува Сарафилоска. „ До овој момент на споменатите  локалитети се уловени вкупно 388 единки од кои 191 женка и 197 машки единки. Од истите се колекционирани и...

Continue reading

Загрижувачка е состојбата со охридската пастрмка, алармира претседателот на риболовното здружение Св.Апостол Петар

Post Views: 3 Состојбата со ендемичниот вид охридска пастрмка е повеќе од загрижувачка, тврди   Радован Димитриески, претседател  на риболовното здружение Св.Апостол Петар. Од сознанијата кои ги имаме од терен за да се врати рибниот фонд во Охридското Езеро се потребни најмногу 40 години, уверува Димитриески. За жал, истребување и се заканува и на белвицата, а за неа ќе требаат 60 години за да се врати во нормала, додава  Димитриески. „Ние сме против вештачкиот мрест. 20 години наназад  се врши вештачки мрест, се порибува езерото со 2 милиони рипчиња. Но, за жал, се помалку има охридска...

Continue reading

„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност

Post Views: 0 „Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност.  Во овој документарен филм  на меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој премиерно беше прикажан синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ е прикажан мрестот на охридската пастрмка во месеците јануари и февруари. Докумантарниот филм „Танцот со пастрмките“ изобилува со ексклузивни подводни снимки. Најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро. Пастрмката за време на мрест е многу смирена, но сепак...

Continue reading

Изложени уметнички дела на учениците од охридската гимназија

Post Views: 3 Учениците од гимназијата Св „Климент Охридски“ ја заокружија 2016 година со уметничка изложба. Изложбата беше со тематски карактер во знакот на Нова година. Беа изложени голем број дела преку кој учениците го покажаа својот уметнички талент. Емилија Прентоска ученик во 3 клас е една од  ученици од сите 4 години  кои ја презентираа својата вештина и уметничката наклоност. „Најмногу од се обрнав внимание на накитот. Интересно ми е  да го работам и имам најмногу волја за негова изработка“, кажува Прентоска.   Професорката Катерина Слатиноска организатор на денешната изложба...

Continue reading

Книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ промовирана пред охридската јавност

Post Views: 17 Промовирана книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ од доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе. Ова дело се заснова врз револуционерниот пат на охридскиот војвода Петар Чаулев кој заедно со Александар Протогеров и Тодор Александров бил дел од ЦК на ВМРО и една од централните фигури во македонското револуционерно движење. Прикажани се различни историски премрежја од тој период, како и начинот со кој Петар Чаулев се справувал со револуционерните предизвици. Ова е доста значајно дело и за историчарите и за обичните граѓани бидејќи ова е едно од првичните дела за Петар Чаулев кое воопшто...

Continue reading

14 лица со ковид 19 на лекување во охридската болница

Post Views: 1 Во Охрид, во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи на ковид 19, стои во денешниот извештај на Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. На Инфективното одделение во охридската Општа болница на лекување се наоѓаат 14 пациенти со ковид 19. Од нив 10-мина се на кислородна поддршка, информира директорот на болницата д-р Горан Балевски. Засега, нема потреба од отворање на модуларната болница, а на инфективното и интерното одделение има и стотина прегледи во текот на денот.    Во Охрид во изминатите 24 часа регистрирани сe...

Continue reading

Пред охридската пошта поставен информативен центар во форма на едрилица

Post Views: 0 Информативен центар во облик на стилизирана едрилица е поставен пред охридската пошта. Во овој центар туристите ќе добиваат различни информации  од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани.  Објектот сеуште не  е завршен, а се очекува во текот  на утрешниот ден да биде поставено едрото, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој кажува и зошто ја избрале токму локацијата пред пошта. „ Се определивме за оваа локација затоа што од искуствата од  минатото видовеме дека посетноста на информативните центр на периферијат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top