Пред охридската пошта поставен информативен центар во форма на едрилица

Пред охридската пошта поставен информативен центар  во форма на едрилица

 |  Валентина Неловска  | 

Информативен центар во облик на стилизирана едрилица е поставен пред охридската пошта. Во овој центар туристите ќе добиваат различни информации  од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани.  Објектот сеуште не  е завршен, а се очекува во текот  на утрешниот ден да биде поставено едрото, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој кажува и зошто ја избрале токму локацијата пред пошта.

„ Се определивме за оваа локација затоа што од искуствата од  минатото видовеме дека посетноста на информативните центр на периферијат аили влезот на градот доодредена мерка не ги дадоа оправданите очекувања и не беа посетени за да ја исполнат  суштината. Сметаме дека на локацијата пред поштата на  едно од најфрекфентните места каде пто поминуваат турсти сметаме дека ќе гиинформираме , упатуваме и насочуваме сите гости ,а и охриѓани коиимаат потреба од одредн вид на информации“, напоменува Апостолов.

Покрај информативниот центар на две локации ќе бидат поставени и билборди во вид на времеплов на градот. Со висина од 1,8 до 2 метри билбордите со стари фотографии ќе бидат поставени во близина на Света Софија и Чинарот.
„ На едната страна ќе има една фотографија и ќе се  патува низ времето. Каков бил објектот пред 100 години,  Св. Софија и Чинарот,  пред 100 тина години, а од другата страна  ќе биде поставена колкеција на  фотографии од минатот на Охрид со опис на локацијата“, кажува Апостолов.

Информативниот центар во форма на стилизирана едрилица  и двата билборди се резултат на  проектот Вотернет. Преку овој проект  општина Охрид заедно со општина Воден во Р. Грција, реализираат проекти со прекугранична соработка.  Од овој проект се финализира и  првиот дел од пешачката патека кај каналот Студенчишта  во должина од 200 метри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top