Најмладите од охридската градинка со завршни приредби

Децата од охридскта градинка од објектот Лихнида, денес со завршна приредба го означија крајот на неколку месечните активности. Тие дел од својата приредба го посветија на полицајците, честитајќи им го претстојниот празник Денот на полицијата.

 |  Николоска Биљана  | 

„Мојот пријател полицаец“ и „Бон тон“. Децата од објектот Лихнида денес ги презентираа завршните активности на овие два проекти, а воедно и ја заокружија годината пред родителите и останатите гости. Директорката Розе Костеска истакна дека соработката со полицијата и тоа како допринела децата од мали нозе да се стекнат со основните познавања на сообраќајната култура, да ја препознаваат сообраќајната инфраструктура, знаци и правила.

„Сета таа заедничка соработка вродува со плод и на крајот децата добиваат знаења како треба безбедно да се однесуваат со цел да имаат побезбеден живот. По повод престојниот празник на нашите пријатели полицајци 7 мај денес со пригодна приредба им го честитаа празникот и покажаа што совладале во текот на оваа година за нивната безбедност

СВР Охрид и Општинскиот совет за безбедност активно се вклучени во сообраќајната култура, едукација за безбедно вклучување и учество во сообраќајот. Стефан Димоски истакна дека децата се нашата радост богатство и наша иднина.

„Децата мора да ги знаат сообраќајните правила и прописи и ние и како институција и како луѓе мора да се вградиме во нивното издигнување како совесни наши сограѓани, но и како наша иднина која што мора да има многу поголемо знаење за безбедноста во сообраќајот многу поголемо отколку што досега ние сме имале. Кај нив мора да го вградиме кодот за безбедно учество во сообраќајот“

Покрај соработката со полицијата, Советот за безбедност и Секторот за образование при општина Охрид, за денешниот амбиент во детската градинка Лихнида се погрижи и Македонија Пат која прв пат се вклучува во овој проект. А музичко ритмичките точки на нашите најмили секогаш се најдобриот дел од настанот, секако подготвени од тимот на воспитувачи кои максимално се вложуваат во создавањето на интересните кореографии и костими.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top