Ознака: општина

Општина Охрид додели 43 таблети за ученици од социјално ранливи категории

Post Views: 1 Градоначалникот Константин Георгиески, денеска додели 43 таблет компјутери, наменети за ученици од социјално ранливи категории, за следење на наставата, по новиот концепт и програма за IV одделение. Електронските уреди се обезбедени врз основа на договорот за редовни телекомуникациски услуги, кој Општина Охрид го има со избраниот мобилен оператор. Дел од одобрените средства, кои се наменети за набавка на мобилни уреди за администрацијата, беше одлучено да бидат пренаменети и искористени за набавка на таблети за ученици. Таблетите ќе бидат распределени во охридските...

Continue reading

skolo

Ќе има ли огрев за струшките ученици?

Post Views: 4 Струшкото образование се дави во големи долгови. Според информациите до кои дојде ТВМ, а ги потврдија од Локалната самоуправа, неисплатените наменски дотции за греење и транспорт од Министерството за образование, уште од 2009 та година, допринесува за да се влоши и онака незавидната состојба во која се наоѓа струшкото образование. „1.200 000 илјади евра е моменталниот долг, со кој Локалната во Струга не може да се справи. Проблемот е посебно изразен во основните училишта“, вели раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини. Тој сериозно е загрижен дека овој...

Continue reading

Vladika Petar

Владиката Петар ги тужи австралиските верници

Post Views: 0 Здружението на македонски заедници од Австралија утре во Скопје ќе одржи конференција за печатот на која ќе информира за најновата тужба која владиката Петар ја поднесе против 891 член на црковната општина Света Петка од Сиднеј, „со цел да ги протера од членство за да ги приграби имотите и парите на општината“. Здружението поднело и барање до Синодот на МПЦ за да конечно се стави крај на тужбите за приграбување на имоти кои станаа главна активност на македонската црква во Австралија од 1996 наваму. Синодот ќе се состане во четврток.Адвокатот на владиката Петар испратил...

Continue reading

Нешто повеќе од една милијарда денари тежи буџетот на Општина Охрид за нареднава година

Post Views: 3 1 007 597 123 денари е буџетот на Општина Охрид за 2018та. Ова денес го изгласаа советниците на последната седница за оваа година. Овој буџет е за околу 50 милиони денари помал од ланскиот. Експертите очекуваат дека ваквиот буџет треба околу 90% да биде реализиран и во најголем дел да бидат задоволени потребите на граѓаните. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ која уште пред две недели најави дека ќе го бојкотира советот поради притворањето на пратениците кои се членови на оваа партија денес се појавија на седница, но само за да искажат несогласување со проекцијата на буџетот...

Continue reading

slovenci

Бизниз денови во Струга

Post Views: 0 „Бизниз денови низ Р. Македонија“. Овој проект на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес презентиран во Струга. Промовирање  на стопанствата од двете земји како и остварување на добра билатерална соработка е главна цел на средбите од ваков карактер вели извршниот директор на клубот Искра Јовановиќ. Таа истакна дека Словенија е најголемиот лобист на патот на Макеоднија кон Европската Унија. Јовановиќ додаде, дека бенефитот од соработката меѓу двете земји е тоа што, македонците учат како подобро да се работи и како побрзо да се оствари контакт за да може заедно со...

Continue reading

sredba Florida Struga

Почесната конзулка од Флорида воодушевена од Струга

Post Views: 5 Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области. „Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така и...

Continue reading

Drim Struga

ДПМНЕ Струга-Нема промена на имиња на улици без Бадентер

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици  ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен...

Continue reading

merko

Обемна седница на струшкиот Совет

Post Views: 1   Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Советот на општина Струга побараа информации по однос на низа прашања од мултиетнички карактер. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ јавно праша што прават инспекциските служби во локалната, кога пред очи им стои незаконски исправена табла пред  населено место во месноста Шум, како и за тоа што се случува со официјалната веб страна на општината која се ажурира само на албански јазик. „Бараме информација од инспекциските служби за поставувањето на нелегалната табла пред село Шум со која се крши законот за јазици и се предизвикува...

Continue reading

Riste Kjushkoski

„Отвори врата за својата иднина“

Post Views: 8 „Отвори врата за својата иднина“ е новината која доаѓа од струшките социјалдемократи, со која сакаат да го проверат јавното мислење на своите сограѓани, односно да слушнат за нивните проблеми и маки. Претседателот на О.О. На СДСМ од Струга, Ристе Ќушкоски, истакна дека ова е проект од граѓаните за граѓаните од кој ќе произлезе програмата на СДСМ. „Преку овој проект секој граѓанин на струшкиот регион ќе може да го искаже своето незадоволство од руралната или урбаната средина во која живее и тоа проблеми од инфраструктурата, комуналните дејности, образованието, социјалатам...

Continue reading

Усвоен нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година проектиран на близу 943 милиони денари.

Post Views: 1 Близу 943 милиони денари или околу 15,5 милиони евра тежи нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година. Со тринасет гласа за и со 10 воздржани охридксите соевтници го усвоија нацрт буџетот за претстојната година. Буџетот за 2018 година е помал за разлика од минатата година кога тежеше околу 1 милјарда и 128 милиони евра. Сoветниците од опозицијата за некои нацрт развојни програми од буџетот упатија критики и прашања. Градоначалникот Јован Стојаноски кажа дека е срамно што досега претходницте не изработиле главни проекти кои би се финансирале во 2018 година. Градоначалникот...

Continue reading

Советот на Општина Охрид ја одржа 63-та седница

Post Views: 3 Одржана 63та седница на градскиот Совет на која што се расправаше по 86 точки од дневниот ред. Советниците ги усвоија предложените одлуки иако опозицијата не даде согласност или беше воздржана за повеќето точки кои беа на денешниот дневен ред. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за работа и материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на...

Continue reading

Општина Дебрца во минусно салдо

Post Views: 1 Општина Дебрца во минусно салдо. Ваквата состојба ја наследил новиот градоначалник Зоран Ногачески според првите неофицијални податоци. Тој вели дека изминативе две недели неговиот тим детално ја скенира состојбата во општината и првичните подеатоци кои не се конечни, кажувале дека околу 8 милиони денари се доспеани обврски кон општината, неплатени. „Иако поранешниот градоначалник на самото примопредавање кажа дека општината ја остава во позитива со 800 илјади…тој само ја спомна моменталната состојба на сметката. Меѓутоа за да имате една целосна претстава во каква...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top