Ознака: општина

Делегација на општина Охрид во посета на Јелова

Post Views: 7 Во рамките на работната  посетата на Р. Турција, делегацијата на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Константин Георгиевски  и Илкер Мустафа од Секторот за ТЛЕР  денеска беше  во градот Јалова. На средбата со  градоначалникот  Вефа Салман,  се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете општини, развој и имплементација на нови проекти кои ќе водат до поконкретна соработка  на повисоко ниво.  Од страна на претставниците на општина Охрид   градоначалникот Салман  беше информиран за работата на  Унијата на  турски општини и донесените одлуки...

Continue reading

Делегација на општина Охрид во работна посета на Турција

Post Views: 0 Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид се во работна посета на Турција. Тие денес беа на работниот состанок на Управниот одбор на Светската  унија на  турски  општини во градот  Тузџе.На состанокот беше дадено “зелено светло“ на барањето кое општина Охрид го поднесе во месец април годинава за добивање противпожарно возило кое ќе биде наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица од Охрид.  Градоначалникот Јован Стојаноски е член на управниот одбор на ...

Continue reading

Стојаноски: Општина Охрид нема разидување со барањата на здружението „Стар Лагадин“

Post Views: 0 Мирослав Котевски , претседателот на Здружението „ Стар Лагадин“  истакна ние се бориме против Општиот акт за село Лагадин кој беше донесен од општината во ноември 2015 година. Тој општ акт ги поништува или ги заменува урбанистичките планови. Многу е смешно еден општ акт кој се применува за села кои немаат никаква инфраструктура да се примени за едно од најатрактивните подрачја на Охридско езеро, истакна Котевски. „ Општиот акт дозволува сите што имаат куќи во Лагадин да имаат можност да изградат хотели. Замислете на што ќе личи тоа. Нити инфраструктура има а знаете...

Continue reading

ubistvo

Приведен осомничениот за убиството на матурантот од Ѓорче

Post Views: 14 Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна. Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето...

Continue reading

Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“

Post Views: 0 Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“. Интернационалната културна манифестација одбележува 34 годишно постоење и е со најдолга традиција во земјава. Тука низ годините твореле врвни уметници од земјава и околните земји. Ликовниот уметник Ѓоко Целески, осовачот на колонијата, ги претстави годинешните учесници, а специјална благодарница му врачи на Јосиф Ефтимоски, претседател на УО и помагател на Колонијата. Поетите, професор д-р Мито Спасевски и Петко Шипинкароски имаа обраќање и читаа песни. На свеченото отварање на Ликовната колонија...

Continue reading

Во општина Дебрца ќе се подобрува локалната патна инфраструктура

Post Views: 1 Неколку локални патни правци во општина Дебрца ќе се реконструираат, а за други ќе се изготви техничка документација. Југозападниот плански регион доби 26 милинои денари пари од националната програма преку Бирото за рамномерен развој за да се инвестира во подобрување на условите за живеење на жителите од 6 општини од регионот меѓу кои е и општина Дебарца. Објавен е тендер за 3 проекти реконструкција на старата училишна зграда во село Волино, за изработка на техничка документација за локални патишта и за поправка на руинираната патна инфраструктура. „Во Општина Дебрца...

Continue reading

Општина Охрид ве носи на патување низ Европа

Post Views: 1 Општина Охрид во соработка со  Организацијата на градови со светско наследство (OWHC), Ве известува за можноста да патувате низ Европа  и да откривате места од светското наследство со вкупен буџет од 1.000 евра за реализација на патувањето.     Патувајте низ Европа и дознајте повеќе за наследството. Раскажете ни ја својата приказна и работите кои ги откривате, доживувајте и учете за време на вашето патување.    Што научивме од нашето минато, што не поврзува или што не дели во  Европа денес? Услови за поднесување на вашата кандидатура:     Кандидатите треба да се на возраст...

Continue reading

Доделени стипендии на лица со ретки болести во Охрид

Post Views: 0 На пригоден настан кој се одржа денеска, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели договорите за стипендирање на ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети. Вакви стипендии се воведени за прв пат во Програмата за социјална и здравствена заштита на Општина Охрид и се финансирани од општинскиот буџет. Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна дека оваа поддршка значи почеток на една поголема соработка и обезбедување на подобри социјални услови...

Continue reading

Ветерани од КУД од бившите југословенски простори во посета на Општина Охрид

Post Views: 0 Секретарот на општина Охрид Игор Бежоски денеска прими  ветерани од културно уметнички друштва  од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот  „Разиграно оро“  што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.На средбата гостите истакнаа дека се воодушевени од гостопримството на охриѓани, а  потенцираа дека Охрид од година во година е се поуреден и поубав  туристички центар кој  е идеален склоп на модерното и  традиционално време.Секретарот Бежоски изрази задоволство за искажаните пофални зборови и ги информира гостите за дел од проектите на актуелната локална...

Continue reading

kocoski

На Струга и требаат промени-Кочоски

Post Views: 0 „Катадневно сме на терен и задоволни сме од досега сработаното“, рече Владо Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата за „Подобра Македонија“ и „Сојузот за иднината“ од Струга. Кочоски убеден е дека ќе издвојува победа во Струга, според информациите шт ги добива од терен. „Ги посетуваме населените места, наши екипи во градот и лично јас одиме од куќа на куќа, комуницираме со луѓето, единствено што останува и ги замолувам сите граѓани на нашата општина масовно да излезат на 24, бидејќи мои драги сограѓани Струга е во ваши раце и ве замолувам на масовна...

Continue reading

kuskoski

Победа за Струга, само со масовна излезност

Post Views: 9 „Цврсто стоиме зад интересите на граѓаните на Струга“, порача Ристе Ќушкоски, носителот на заедничката советничка листа СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Воедно Ќушкоски побара масовна излезност на 24 март со цел да се издвојува победа за Струга. „Изборите се добиваат со масовна излезност на граѓаните на општина Струга. И само заради тоа на 24 март ги повикуваме сите граѓани на општина Струга масовно да излезат на избори. Само заедно ќе бидеме вистински победници, заенички да одлучиме за нашето постоење, за нашите поколенија за нашата иднина. Да живее Струга, да живее Македонија“. Ќушкоски...

Continue reading

По 4 децении во општина Охрид ќе се гради ново училиште како донација од ТИКА

Post Views: 0 ОУ „Братство и единство“ ќе добие нова зграда. Постојниот објект ќе се руши и ќе се изгради комплетно нова училишна зграда и спортска сала.  Проектот е донација на турската агенција за  соработка и координација ТИКА. За оваа цел градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на „ТИКА“ за Балканот и Југо источна Европа, Махмуд Чевик потпишаа меморандум. Понатаму ќе следува потпишување на договор,  проектирање, изведување на градежни работи и опремување на новата училишна зграда со што учениците и наставниот кадар ќе добијат современи услови за одвивање на образовниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top