Победа за Струга, само со масовна излезност

Само со масовна излезност на престојните локални избори, за победа во Струга, порача Ристе Ќушкоски носителот на заедничката советничка листа на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ од Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
kuskoski
кушкоски

„Цврсто стоиме зад интересите на граѓаните на Струга“, порача Ристе Ќушкоски, носителот на заедничката советничка листа СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ од Струга.kuskoski Воедно Ќушкоски побара масовна излезност на 24 март со цел да се издвојува победа за Струга.

„Изборите се добиваат со масовна излезност на граѓаните на општина Струга. И само заради тоа на 24 март ги повикуваме сите граѓани на општина Струга масовно да излезат на избори. Само заедно ќе бидеме вистински победници, заенички да одлучиме за нашето постоење, за нашите поколенија за нашата иднина. Да живее Струга, да живее Македонија“.

Ќушкоски во своето обраќање кон стружани потенцираше дека изминативе 8 години не биле постигнати никакви резултати и се затворале сите можности за создавање на нови дела и нови вредности. Во таа насока тој додаде дека градоначалникот на Струга за само 8 години успеал да го уништи она што 50 години се градело во културата, во спортот, во инфраструктурата и туризмот.

kuskoski„Како никогаш досега на стружани им е потребен тим кој ќе има слух за нивните проблеми. Време е младите да ја гледаат иднина во својата родна Струга. Време е да кажеме доста на раскопаните и темни улици на урбаниот хаос и дотраените мостови. Нашата советничка група ќе биде секогаш со граѓаните затоа што постоиме заради нив, коалицијата на СДСм и ВМРО – ДПМНЕ и останатите партии кои се на оваа советничка листа одлучија цврсто да застанат зад интересите на граѓаните на општина Струга, без разлика на етничката, врска и партиска припадност“.

Носителот на заедничката советничка листа напомена дека не треба да се заборави дека Струга отсекогаш имала големи луѓе, културни дејци и манифестации. Тој вети дека доколку ја добијат довербата на престојните локални избори ќе се заложат низ институциите на системот да покажат и докажат дека општината може да функционира и да понуди вистинска перспектива.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top