Делегација на општина Охрид во посета на Јелова

Во рамките на работната  посетата на Р. Турција, делегацијата на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Константин Георгиевски  и Илкер Мустафа од Секторот за ТЛЕР  денеска беше  во градот Јалова.

 |   | 

На средбата со  градоначалникот  Вефа Салман,  се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете општини, развој и имплементација на нови проекти кои ќе водат до поконкретна соработка  на повисоко ниво.  Од страна на претставниците на општина Охрид   градоначалникот Салман  беше информиран за работата на  Унијата на  турски општини и донесените одлуки кои се од особено значење за развојот на општините членки.

На состанокот се разговараше  и за соработката со ТИКА, а акцент беше ставен на напорите на актуелната локална власт  во Охрид да се изгради  новиот објект на Основното  училиште „Братство Единство“ .

Градот Јалова  со којшто општина Охрид е збратимен од 2010 година  брои  140 00 жители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top