Ознака: овој

koncert

Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика

Post Views: 13 Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија. Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни...

Continue reading

maraton vo programiranje

Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST

Post Views: 4 Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС. Идејата за овој 24 часовен натпревар, студентите...

Continue reading

plostad

Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни...

Continue reading

jagul;a

Оштетената скулптура јагула повторно блесна

Post Views: 2 Кај Куба Либре повторно блесна репарирана и свежо бојадисана скулптурата јагула. Дрвената скулптура е санирана и вратена во првобитната положба, вели  нејзиниот творец Сергеј Цингулоски. Најдолгата дрвена скулптура во светот  со 172 метри должина прекрасно се вклопи во овој простор, задоволно вели Цингулоски. Уметникот за десетина дена и по кратко време од нејзиното оштетување од страна на непознати вандали, го обнови уметничкото дело кое го создаде пред само три години, а на овој простор поставено пред две години.   „Благодарност до Локалната самоуправа која брзо  реагираше...

Continue reading

isplata steti zemjotres Debrca

Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца

Post Views: 3 Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени  во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација. Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето...

Continue reading

Sveti Trifun

Лозарите го зарежаа лозјето, денес е Свети Трифун

Post Views: 6 Денес е свети Трифун, познат и како свети Трипун пијаница. Овој великомаченик, е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Свети Трифун е заштитникот на лозјето и на овошките. Токму затоа на овој ден, лозарите ги посетуваат своите лозја и ги зарежуваат сеуште незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по...

Continue reading

maraton vo programiranje

24-часовен маратон во програмирање на информатичкиот универзитет

Post Views: 4 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ викендов ќе биде домаќин на 24-часовен маратон во програмирање. Codefest. Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија, а воедно и прв организирaн по иницијатива и од страна на студентите: Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа во организацијата на настанот. Организаторите велат дека лимитот за натпреварувањето бил сто натпреварувачи и истиот...

Continue reading

sahta

„Проаква“ ќе ги проверува колекторските шахти в долж брегот

Post Views: 10 Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк. Непријатната реа ја забележале рекреативци, а екипите на МЈП  „Проаква“ веднаш реагирале и го отстраниле  дефектот. Зачепувањето на шахтата овој пат се случило по природен пат, но од  ЈП Прокава нагласуваат дека повеќе главоболка им нанесува детектирањето на дивите приклучоци во колекторскиот систем. Пред неколку дена во Лагадин откриле див приклучок на несовесен граѓанин кој  нелегално канализацијата ја  приклучил на колекторскиот систем, напоменува директорот на „Проаква“,...

Continue reading

narkomani duvlo

Во нас. Гоце Делчев ново дувло на наркомани

Post Views: 27 На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги.  Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание...

Continue reading

egipkani

Египќаните да излезат на Локални избори повикуваат од Сојузот на египќани

Post Views: 0 Масовно излегување на престојните локални избори  повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас. „ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е  мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.Од Сојузот на египќани од следната недела информираат  за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите...

Continue reading

nezavisna lista Zoran Stevoski

Зоран Стевоски носител на независна советничка листа

Post Views: 6 Оваа листа која според носителот ќе му ја врати душата на Охрид е составена е од млади луѓе, интелектуалци, работници, студенти, како и преставници од етнички заедници кои живеат во Охрид. „Граѓаните ќе ја препознаат вистинската листа и левичарската нитка ќе препознаат дека ние излегуваме, а не ги бојкотираме изборите. Ние сакаме и ќе направиме низа проекти кои ќе му го вратат сјајот и блесокот на Охрид“, вели носителот на листата Стевоски. Денешната пресс конференција Стевоски ја одржа пред некогашното седиште на СДСМ. На новинарско прашање зошто токму тука за прв пат...

Continue reading

Ohrid

Нови европски проекти

Post Views: 1   Секторот за Туризам и локален економски развој минатата година реализирал 30 проекти. Раководителот на овој сектор, Гоце Симоновски  вели дека не застануваат тука. Општина Охрид преку овој сектор неодамна  аплицираше со уште еден проект. Станува збор за Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија. Ова е убава можност за промоција на Охрид во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top