24-часовен маратон во програмирање на информатичкиот универзитет

Викендов на Св Апостол Павле,маратон за програмирање.

 |  Маленкова Татјана  | 
maraton vo programiranje
маратон во програмирање

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ викендов ќе биде домаќин на 24-часовен маратон во програмирање. Codefest. Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија, а воедно и прв организирaн по иницијатива и од страна на студентите: Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа во организацијата на настанот. Организаторите велат дека лимитот за натпреварувањето бил сто натпреварувачи и истиот се пополнал пред крајниот рок за пријавување. kodfest maraton vo programiranje

„Замислено е натпреварувачите да изработат апликации кои ќе можат да се стават на пазарот. Но доколку натпреварувачите имаат друга идеја и несакаат на пазар, повторно се добредојдени. Може да се изработуваат и web страни“, вели еден од организаторите Александар Митревски, кој е четврта година Св. Апостол Павле.

Целта на организаторите на овој напревар е да се соберат студентите на едно место и да се мотивираат тимски, максимум до 5 члена, или пак индивидуално да работат 24 часа на развивање на идеја и концепт за создавање на било каков Microsoft – базиран производ кој би можел да го најде својот пат до пазарот и како таков да и послужи на пошироката заедница.  Јасна Тренгоска еден од организторите вели дека секој од учесниците на натпреварот треба да си носи лап топ компјутер,  кој самите ќе си го подготват според нивните потреби.

univerzitet sv Apostol Pavle „ Правилата не се многу строги. Сакаме да го направиме 24 часа натпреварувачите да бидат што поопуштени. Така да ќе можат во било кој термин кога ќе сакаат да излезат на пауза ќе можат да ја искористат. Доколку имаат потреба во текот на вечерта може да одат дома да се одморат. Тие кои ќе останат тука планираме многу активности за да се одморат и да го отргнат вниманието од она кое го работат цело време. Очекувавме околу половина од бројот на пријавени кој сега го имаме. Интересно е тоа што сите карти се распродадоја пред истекот на рокот за пријавување“, вели еден од организаторите Јасна Тренгоска која е четврта година Св. Апостол Павле.

Тренгоска открива дека пријавени натпреварувачи покрај од Охрид има и од Скопје и од останатите уневерзитети од Македонија. Заинтересирани имало и средношколски тимови.

Жири комисијата која ќе го следи целиот тек на натпреварувањето  е составена од експерти од  Microsoft  и професори од универзитетот. Тие покрај тоа што ќе дојдат да го следат настанот, истовремено и ќе ги менторираат учесниците, давајќи им поддршка, но и идеи.
Codefest ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во сабота на 16-ти февруари, со почеток во 12:00 часот, а ќе заврши по истекувањето на 24 часа, односно во недела, на 17-ти февруари, кога ќе бидат прогласени и победниците.

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top