„Проаква“ ќе ги проверува колекторските шахти в долж брегот

Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк.

 |  Валентина Неловска  | 
sahta
sahta

Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк. Непријатната реа ја забележале рекреативци, а екипите на МЈП  „Проаква“ веднаш реагирале и го отстраниле  дефектот. Зачепувањето на шахтата овој пат се случило по природен пат, но од  ЈП Прокава нагласуваат дека повеќе главоболка им нанесува детектирањето на дивите приклучоци во колекторскиот систем. Пред неколку дена во Лагадин откриле див приклучок на несовесен граѓанин кој  нелегално канализацијата ја  приклучил на колекторскиот систем, напоменува директорот на „Проаква“, Златко Старкоски. Шахтата се наполнила со песок и го затнала системот кој почнал да се прелева. Случајот е пријавен кај инспекциските служби, кажува Старкоски и додава дека за надминување на ваквите проблеми ќе преземат акција за контрола на сите шахти.
poprvaka
„ Направивме екипа која ќе направи преглед на сите шахти во должина од 30 км,  од Пештани до Подмоље за да се проверат и и санираат сите дефекти кои може да се јават на овој систем“, информира директорот Старкоски.

Директорот на МЈП „Проаква“, Старкоски открива дека многу често се соочуваат со појави на дефекти на колекторскиот систем. Најголем проблем им задава дождливото време кога системот е приклучен на максимум, но не може при големи дождови да ги прифати дождовните води во пречистителната станица во Враништа. За проширување на капацитетот на колекторскиот систем се заинтересирани странски инвеститори кои изработиле издржани студии. Стручни лица од Проаква ќе ја изберат најдобрата и најповолната варијанта, напоменува Старкоски.

„ Стручните лица  по деталното испитување на колекторскиот систем ќе кажат дали ќе биде уште една пречистителна станица посебно за Охрид или некој нов дел. Имаме добри студии направени од  две фирми, јапонска и италијанска, кои се заинтересирани за инвестирање во колекторскиот систем“, објаснува Старкоски.  

Што се однесува пак, до  дивите приклучоци на колекторскиот и водоводниот систем, директорот Старкоски се повикува на измените од кривичниот законик. За прекршителите, законот, предвидува покрај високите парични  и затворски казни.    

{loadposition content9}        

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top