Post Views: 6
СДСМ одлучи и повторно довербата му ја даде на актуелниот градоначалник Александар Петрески, со што го избра за кандидат за градоначалник од редовите на оваа партија.Имено,делегатите на СДСМ, на конференцијата која се одржа во саботата во Охрид, за Петрески гласаа едногласно и со акламација го избраа за кандидат за градоначалник. Петрески пак задоволен од довербата која му ја дадоа неговите сопартијци. Тој смета дека овие избори можеби ќе бидат натешки, но е и убеден дека на овие избори најуеверено ќе победи, и тоа не само тој како градоначалник, туку и најуверена победа...
Post Views: 0
Во саботата навечер во просторот на катедралната црква Св. Софија италијанското дуо Џампаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на бандеон за сите љубители на аргентинската музика, уште еднаш со своите изведби ја открија самата душа на аргентинското танго. Ова специфично дуо уште од своето формирање стана важен дел од меѓународните музички кругови, благодарение на нивната комуникативност и харизма. Нивната изведба на делата на Пјацола, Таворало и Барди не оставија никого рамнодушен. Џампаоло Бандини, гитаристот во дуото истакна дека емоциите кои ги внесуваат при нивната...
Post Views: 1
И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето. Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците.
„Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден...
Post Views: 3
Советниците од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница наменета за советнички прашања побараа од градоначалникот да одговори кратко и јасно, Колкав е долгот на општина Охрид во моментов? И зошто во Охрид нема капитални инвестиции?
„Сега сакавме да слушнеме како тој долг во моментов изгледа и на тоа прашање небеше даден конкретен одговор затоа што баравме да се каже цифрта на новонастанати долгови не ни дадоа адекватен одговор што исто така прави сомнеж дека новите долгови се многу големи што дава сомнеж за иднината на Охрид“, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.
Спротивно...
Post Views: 1
Иако мина повеќе од една година како Собранието на РМ го усвои „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, или популарно познат како „Законот за Охрид“, сепак бенефитот од него никако да се почуствува во целост. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, посветена на пратеничките прашања, истакна дека за ваквата состојба е виновна Општина Охрид која за овие година дена требаше да ги донесе Деталните урбанистички планови и за стариот град и за контактната зона. ДУП-ите...
Post Views: 0
Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци. Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува...
Post Views: 10
Во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на локалните социјалдемократи стои:
СДСМ Охрид направи прес !!!! Без срам се обиде да повика на наводна успешност во нивното раководење со Охрид. Ако за СДСМ е успешност 8 години да се нема никаква капитална инвестиција во Охрид, ако за СДСМ е успешност урбанистичкото дивеење во Охрид на Локалната со гласовите на мнозинството на СДСМ и Народна, ако за СДСМ е успешност туристичкиот хаос во Охрид со боксови,мириси и бучава,ако за СДСМ се успех новите бетонски кугли со кои ги загрозуваат животите на граѓаните и туристите,...
Post Views: 2
Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници. Инцидентот што се случи во Видобишта, пред нешто повеќе од една година, на Собирот на граѓани, при формирањето на урбаната заедница при избор на раководство, го прекина нејзиното формирање. Покрај оваа урбана заедница без раководство остана и Центар кон која требаше да се приклучи Долна Влашка маала. Од Локалната самоуправа тврдат дека овој недовршен процес во формирањето на урбаните заедници нема негативни последици во нивното функционирање. Комуналните потреби на граѓаните од овие две населби се влезени...
Post Views: 3
Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди на...
Post Views: 0
Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, ниво на држава, ке ја врши обуката за ракување со полуавтоматските надворешни дефибрилатори.Истои така и општинската организација од Охрид, наскоро ќе ја спорведува оваа обука за граѓаните и институциите кои според закон треба да ги поседуваат истите. Во обуката се вклучени тренери по прва помош и други медицински лица. Со дефибрилаторите може да работи секој граѓанин, после поминатата соодветна обука.Младен Божиновски, од О.О. на „Црвениот Крст“ информира дека одредени правни субјекти веќе пројавуваат интерес за обуката...
Post Views: 6
На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“. Станува збор за клуб кој на волонтерска основа ќе ги спојува младите луѓе кои сакаат да учествуваат во работни акции. Доброволното ангажирање на младите во изградба на капитални објекти беше карактеристично за просторите на поранешна Југославија. Сега оваа форма на работно ангажирање, пред се на младите луѓе, е прифатена во Европа и светот, вели еден од иницијаторите на здружението Љупчо Милкоски. ОН минатата година ја посвети...
Post Views: 3
Постарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци.
Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид...