Post Views: 5
„Грдото лице на Охрид е пресликано во непотизмот во редовите на СДСМ“-вака обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Тие велат дека актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески, лицемерно побарал фер и коректна кампања, а потоа продолжил со навредливиот говор на отворањето на маалскиот штаб на СДСМ кај Отекс. Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побараа Петрески да одговори на неодговорената тема-Непотизам.
„Дали ќе признае за голем број на примери за непотизам кај вработените во локалната самоуправа. Татко-заменик директор на јавно...
Post Views: 29
Полициските станици од Струга и Велешта по неколкудневно интензивно работење ги откри сторителите на кривичното дело во кое беше каменуван автобус од Вевчани. Од СВР откриваат дека идентификувани се 11 лица од кои 8 се малолетници од едно средно училиште од Струга.
„Овие лица сите заедно претходно се договориле дека треба и мора да извршат вакво казниво дело , а нивен главен мотив биле случувањата во Скопје. Тие околу 20.00 часот заедно отишле во месноста Суво Поле во непосредна близина на магисталниот пат Струга – Вевчани и претходно договорени зеле камења, бехатон...
Post Views: 2
Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди бесплатни курсеви за канцелариско работење и интернет. За оваа цел, министерот Иво Ивановски, денес потпиша меморандум за соработка со деканите на педагошките факултети од земјава. Токму студентите од овие факултети ќе бидат задолжени да ги спроведуваат овие курсеви на министерство. Според министерот Ивановски, овие курсеви ќе бидат корисни и за граѓаните, но и за студентите.
„Се работи за продолжување на иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки...
Post Views: 0
Од родното Долно Лакочереј, носителот на независната советничка листа, Зоран Стевоски, ја започна својата кампања за престојните локални избори.
Според него, селото Долно Лакочереј е село кое во послените 20 години рапидно уназадува. Стевоски вели дека во минатото, ова село доминирало во сите сфери, и во спортот, и во културата, и во земјоделието.
„Со ова сакам да порачам дека не само Долно Лакочереј, туку и сите села во општина Охрид, вклучувајќи ги и селата од поранешната Коселска општина, ќе се заложиме ние како советничка група да го добијат своето вистинско место...
Post Views: 3
И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки.
„Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација...
Post Views: 9
Најавени две седници на совет. Најголем дел од точките за кои ќе треба да расправаат советниците во петок се однесуваат на предлог одлуките за утврдување потреба од донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на земјиштето. Токму овие точки трн в око на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на комисијата за урбанизам од ВМРО ДПМНЕ, Горан Патчев за ТВМ вели дека партијата го подржува процесот на спроведување на законот за постапување со бесправно изградени објекти и да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да си ги решат...
Post Views: 4
Изумираат бројни ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од овие простори. Скоро и да ги нема бричењето на зетот, каносувањето на невестата, играта филџан или подарокот накитен овен, како дел од адетите кај муслиманите во Октиси. Многу од ритуалите кои се практикувале со векови денес скоро и да не постојат. Глобализацијата и новото време ги збришаа некогашните обреди и кај муслиманите. За да не паднат во заборав некогашните верски обичаи поврзани со свршувачките и свадбите кај муслиманите од Октиси, ги запиша во книга октишанецот, Абас Цаноски. Свадбите...
Post Views: 0
Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на...
Post Views: 11
Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци добиени од Централниот регистар.
Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи,...
Post Views: 3
Портпаролот Митровиќ денеска на пресс конференција запраша што всушност се случуваше со проектот „Духот на Охрид“ и дали се подметнуваа ГИС апликациите на приватната фирма на близок роднина на Раководителот на Секторот ЛЕР во разни проекти.„Во колажот на неуспешното работење на Локалната самоуправа Охрид, посебно и врвно место има секторот за Локален економски развој и туризам на Општина Охрид. Сектор во кој зад себе во овие 8 години врие од неспособност но и од голем број необјасливи проекти предводени пред се од раководителот на Секторот“, истакна на денешната...
Post Views: 10
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р. Никола Бакрачески, денеска ги слушна проблемите на автопревозниците и таксипревозниците од општина Охрид. Преставници на здружението за автобуски превоз „Сонце и галеби – Охрид“, и дел од таксистите, јавно проговорија за како што кажаа нетранспарентноста на објавувањето на јавните набавки во делот на автопревозот од страна на локалната самоуправа и неадекватното извршување на работата на инспекциските служби поврзано со автопревозот и со такси превозот во градот.
„Ги искажавме нашите незадоволства од досегашната работа...
Post Views: 2
Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатени приходи во изминатата година. Полека се ближат крајните рокови за поднесување на добро познатите обрасци ПДД-ГИ до подрачното одделение на Управата за јавни приходи во Охрид. Во овој образец, правните лица, односно фирмите треба да ги пријават бруто-приходите на даночните обврзници, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по повеќе основи.
Тука влегуваат нето-приходите по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост,...