Идентификувани лицата кои го каменуваа Вевчанскиот автобус

Сторителите на инцидентот со вевчанскиот автобус, малолетници.

 |  Маленкова Татјана  | 
svr
свр

Полициските станици од Струга и Велешта по неколкудневно интензивно работење ги откри сторителите на кривичното дело во кое беше каменуван автобус од Вевчани. Од СВР откриваат дека  идентификувани се 11 лица  од кои 8 се малолетници  од едно средно училиште од Струга.

„Овие лица сите заедно претходно се договориле дека треба и мора да извршат вакво казниво дело , а нивен Stefan Dimovski главен мотив биле случувањата во Скопје. Тие околу 20.00 часот заедно отишле во месноста Суво Поле во непосредна близина на магисталниот пат Струга – Вевчани и претходно договорени зеле камења, бехатон плочки, други дрвени предмети  и во моментот кога се појавил автобусот извршиле напад, при тоа оштетувајќи ги сите стаклени  површини на автобусот“, вели портпаролот на СВР Стефан Димоски.

Во инцидентот беше повредена и една жена која веднаш беше пренесена во болницата Св Еразмо во Охрид каде беа констатирани лесни телесни повреди и беше пуштена на домашно лекување.  
Овој инцидент остави црна дамка на соживотот во овој регион, и  не доликува пред се на млади луѓе, и на луѓе кои треба да имаа позитивен однос кон општеството, задницата, почит кон другите луѓе.

„Во оваа пригода апелирам до младите и родителите особено внимание да посветат во оваа насока бидејќи треба да градиме заеднички живот, стабилно општество и треба да се почитуваме едни со други. Овие настани кои се актуелни во Скопје не одат во прилог ни на севкупната безбедност таму ни во државата генерално. Се придружуваме кон напорите на повеќе институции да мирно се решат сите состојби кои преставуваат на некој начин проблем дека соживото треба да е мисла видилка од севкупното живеење на сите нас“, вели портпаролот на СВР.

Димовски открива дека СВР подолг период во континуитет превзема превентивни мерки во насока на елиминирање на несогласувања пред се на младите. Тој признава дека годиниве наназад имаше доста проблематични ситуации кои ескалираа поради меѓусебната нетрпеливост на младите во две средни училишта во Струга, по што Секторот превзеде низа превентивни мерки кои беа насочени кон спроведување на проекти за подигнување на степенот на меѓусебната толеранција. Овие проекти, според портпаролот на СВР, вродија со плод но додава дека однесувањето на одредена група не треба да биде репер за однесувањето на останатите млади.
Инаку инцидентот со автобусот на автопревозникот Сприја вевчани се случи на четврти овој месец вечерта околу 20.00 часот, кога поголема група млади луѓе го каменувале автобусот кој во моментот превезувал патници на релацијата Струга – Вевчани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top