Бакрачески се сретна со автопревозниците од Охрид

Автопревозниците реагираат на нетранспарентност на објавувањето на јавните набавки во автопревозот од страна на локалната.

 |  Маленкова Татјана  | 
prevoznici Ohrid
превозници Охрид

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р. Никола Бакрачески, денеска ги слушна проблемите на автопревозниците и таксипревозниците од општина Охрид.  Преставници на  здружението за автобуски превоз „Сонце и галеби – Охрид“, и дел од таксистите, јавно проговорија за како што кажаа нетранспарентноста на објавувањето на јавните набавки во делот на автопревозот од страна на локалната самоуправа  и неадекватното извршување на работата на инспекциските служби поврзано со автопревозот и со такси превозот во градот.

„Ги искажавме нашите незадоволства од досегашната работа на локалната смоуправа и се надевем дека ќе avtoprevoznici дојдеме до заедничко меѓусебно разбирање која ќе ни овозможи подобра заработка и една подобра иднина за сите нас. Разгораравме во глобала за повеќето наши проблеми од кои Бакрачески е доста запознаен има големо разбирање од негова страна и мислам дека ќе најдеме заеднички дијалог и сметам дека заеднички ќе стигнеме да ги надминеме тие проблеми“, вели претседателот на здружението Сонце и галеби – Охрид, Златко Силјаноски.

На денешната средба на која присуствуваа скоро сите автопревозници и дел од таксипревозниците, во една конструктивна атмосфера и плодна дискусија, кандидатот за градоначалник д-р Бакрачески откако ги слушна проблемите кои ги мачат автопревозниците и такси превозниците им вети дека во иднина доколку тој биде градоначалник, овие јавни набавки ќе бидат спроведени според законот за јавни набавки  и со почитување на сите правила.

„Ги слушнав нивните размислувања и нивните предлози за решавање на овие проблеми во иднина. Јас можам да ги уверам автопревозниците   и такси превозниците дека во иднина дека што се однесува до почитување на законот за јавни набавки во делот на автопревозот нема да отстапам ни еден милиметар и ќе правам исто онака како досега што сум практикувал со јавни набавки во институцијата која што јас ја менаџирам и можам да ветам дека во иднина овие јавни набавки ќе бидат спроведени според законот за јавни набавки и со почитување на сите правила и ќе се почитува правилото на транспарентност и правилна распределба на овие јавни набавки“, истакна д-р Никола Бакрачески,кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

Бакрачески е категоричен дека проблемите на автопревозниците во Охрид генерално се исти, и додава дека истите можат да се надминат веднаш.  Автопревозниците и таксистите, по средбата, задоволни од разбирањето кое го покажал кандидатот за градоначалник Бакрачески за нивните проблеми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top