Post Views: 2
Пензионерите од Охрид и Дебрца севкупни победници на пензионерската олимпијада. По четврти пат нашите пензионери се освојувачи на преодниот пехар за севкупен победник на игрите, а веќе се сопственици и на еден траен пехар кој го добија за нивното трето последователно прво место на претходните настапи. Тие велат дека со постигнатите резултати на најубав можен начин на своите сограѓани и сите граѓани на републикава го честитаат Денот на независноста, 8ми Септември.
На 19тите републички спортски натпревари, нашите пензионери учествуваа со 23ца претставници, а се натпреваруваа...
Post Views: 13
На Пелистер заврши бербата на моликовите шишарки. Овие плодови од моликата се повеќе се барани во Европските земји за производство на лампиони и разни други новогодишни и божиќни украси.
Илјадници килограми од овие плодови ќе завршат на европскиот пазар. Жителите од подпелистерските села токму во бербата на шишарки најдоа начин за дополнителна заработувачка.Килограм шишараки се плаќа по 35 денари додека моликовото семе 300 денари од килограм.
„Мене ми е огромно задоволство кога одам по тие работи и кога се качувам по планина. Задоволство ми е причинува на душата...
Post Views: 11
Универзалното име cherry tomato, се должи на што ако не на неговата големина колку цреша. Природата ни го дала во црвено и жолто издание. Жолтите се поблаги поради поголемото количество шеќер. Меѓутоа, очигледно големината и не е толку битна, бидејќи овие џуџести плодови се што било здраво го насобрале во нив.
Овие малечки плодови го содржат досега најмоќниот откриен природен антиоксиданс – ликопен. На овој антиоксиданс му се препишуваат антиканцерогени својства и докажано функционира како инхибитор на болестите на срцето, предизвикува позитивни метаболички ефекти,...
Post Views: 2
Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека...
Post Views: 0
Кејот „Маршал Тито“ ќе стане кеј „Македонија“. Овој предлог доаѓа директно од кабинетот на градоначалникот, а ќе биде ставен пред градските избраници. На седницата закажана за во петок една од точките на дневен ред е и предлог одлуката за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Охрид. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ по синоќешната координација зазеде став по ова прашање.
-Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе даде подршка на предлогот за промена на името на кејот „Маршал Тито“ во...
Post Views: 3
Апчињата “Gay Away”, кои наводно ја променуваат сексуалната оријентација, предизвикаа бум, но и згрозување во светот.
Произведувачите на пилулите кои ја лечат желбата кон истиот пол велат дека делуваат многу брзо.
Посебно предупредуваат дека оригиналот на овие апчиња се препознава по тоа што има вкус на пенис! Тоа со големи букви го пишува на амбалажата.
Овие пилули за “враќање на правиот пат” наводно го содржат чудотворниот протеин антихомиотик, кој зависниците од исти пол многу брзо ги преобратува.Мажите автоматски почнуваат да бркаат сукњи,...
Post Views: 48
Овие шокантни фотографии на огромни купишта отпад повисоки од 3 метри, се всушност најчестата глетка која може да се види во сиромашните периферии на Каиро и заради тоа овој град го доби прекарот “Град на Отпадот”.
Имено, Маншијат Насер или “Градот на Отпадот” како што е познат меѓу локалните жители, е сиромашен кварт на периферијата на Каиро, а се наоѓа многу блиску до луксузните ресорти со 5 ѕвезди.И покрај тоа што Каиро е туристичка атракција која ја посетуваат милиони туристи на годишно ниво, овие шокантни слики откриваат едно сосема ново...
Post Views: 1
„Пајаковата“ мрежа од кабли над градов синоќа за момент беше прекината.
Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ успеа да сруши еден електричен столоб од уличното осветлување и два телефонски столбови. Извесно време беше пренасочен и сообраќајот на овие две улици, поради остатоците од електричните столбови кои завршија на коловозот.
За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Доцни реализацијата на проектот за изградба на цветен пазар. Уште пред шест месеци беше обелоденето дека на плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот, на самиот влез на пазарот треба да биде новата локација на современиот цветен пазар. Според планот инвестицијата требаше да изнесува 30 000 евра.
Овие средства во моментов ЈП „Градски Пазар“ ги нема , а заради презадолженоста на општината и таа не е во можност да ги издвои овие пари. ЈП „Градски Пазар“ нема можност оваа идеја да ја реализира ниту со земање кредит од комерцијалните банки, бидејќи претпријатието не располага...
Post Views: 5
СДСМ не е против урбанизацијата во градов, реагираат од оваа политичка партија после вчерашната седница на охридскиот совет. Координаторот на опозицијата проф. Јован Стојановски, јавно прашува која е разликата помеѓу новиот концепт на урбанизација кој што се спроведува сега и оној стар концепт на урбанизација за кој жестоко беше критикувана СДСМ и претходната локална власт.
„За сите тие Урбанистички планови беше жестоко критикувана претходната власт, беа остварувани политички поени, се додека беа на опозиција на локално ниво, урбанизацијата за нив беше нецивилизациска...
Post Views: 3
When you feel my heat,
look into my eyes
it’s where my Demons hide
it’s where my Demons hide
(Imagine Dragons)
Не дека пред тоа немаше борба,но 15 години од првиот 21 Јуни- Ден на Охридско Езеро сепак е веќе традиција. Во време кога се уништуваат вредности,кога е тешко да се создадат нови позитивни датуми и традиции,Охридското Езеро го издржува и тој притисок на несвесноста. Притисокот на демоните на неразбирањето, на некомуникацијата, на некоординација, кои му штетат. Дали ние кои го создадовме овој Ден ќе го издржиме таквиот притисок или не, сега ...
Post Views: 3
Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на оваа...