• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СДСМ: Советниците на ДПМНЕ дигнаа два прсти за урбанистичките планови кои ги критикуваа

СДСМ: Советниците на ДПМНЕ дигнаа два прсти за урбанистичките планови кои ги критикуваа

Искривувње на вистината и нејзино прикажување во погрешен манипулаторски контекс со цел освојување на Власта, е главно обележје на работењето на градската власт предводена од  ВМРО – ДПМНЕ, обвинуваат од ОО на СДСМ. Овие обвинувања доаѓаат  после вчерашната седница на која беа донесени неколку Урбанистички планови.

 |  Валентина Неловска  | 
sdsm
сдсм

sdsmСДСМ не е против урбанизацијата во градов, реагираат од оваа политичка партија после вчерашната седница на охридскиот совет. Координаторот на опозицијата проф. Јован Стојановски, јавно прашува која е разликата помеѓу новиот концепт на урбанизација кој што се спроведува сега и оној стар концепт на урбанизација за кој жестоко беше критикувана СДСМ и претходната локална власт.

„За сите тие Урбанистички планови беше жестоко критикувана претходната власт, беа остварувани политички поени, се додека беа на опозиција на локално ниво, урбанизацијата за нив беше нецивилизациска активност за да сега истите тие луѓе дел од нив беа советници во претходниот мандат и беа најгласно говорни во тој процес на урбанизјација, во овој момент дигнаа два прсти и ја донесоа таа урбанизација“ – вели Стојановски.

Стојановски со свои забелешки се осврна и на изборот и назаначувањето на лица во Управните и Надзорните одбори во Јавните комунални претпријатија

sdsm„Од 10 назначени лица, 5 лица  во нивната биографија беше наведено дека се невработени  и дека имаат единствено искуство, дека имаат активности поврзани со невладини организации. Од тука се поставува прашањето кое е  искуството на овие лица кои што се во највисоките раководни и  управни тела на ЈП каков ќе е нивниот придонес во раководењето и управувањето со тие претпријатија и едноставно не можеме а да не го поставиме прашањето, а тоа е, до кога ќе бидат поставувани партиски послушници кои што само ќе ги спроведуваат вашите одлуки како и оние одлуки кои што беа донесени вчера, а одлуки кои што имаат витално значење за животот за општина Охрид“ – нагласи координаторот на СДСМ.

Стојановски рече дека ваквите постапки на градските власти само го потврдуваат заклучокот на граѓаните  дека во Охрид со оваа власт нема да се случи ништо ново и квалитетно кое што ќе придонесе за подобар живот на граѓаните, а особено на младите во Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top