Каиро, светската депонија

Овие шокантни фотографии на огромни купишта отпад повисоки од 3 метри, се всушност најчестата глетка која може да се види во сиромашните периферии на Каиро и заради тоа овој град го доби прекарот “Град на Отпадот”.

Имено, Маншијат Насер или “Градот на Отпадот” како што е познат меѓу локалните жители, е сиромашен кварт на периферијата на Каиро, а се наоѓа многу блиску до луксузните ресорти со 5 ѕвезди.
И покрај тоа што Каиро е туристичка атракција која ја посетуваат милиони туристи на годишно ниво, овие шокантни слики откриваат едно сосема ново општество кое со години живее во купиштата отпад, опкружено со стаорци и ѓубре кое се распаѓа.

Никој не може да остане рамнодушен на глетката на овие фотографии на кои може да се забележат мали деца како си играат меѓу отпадот и изгледаат сосема навикнато на околината, бидејќи нивните родители со генерации наназад живеат меѓу отпадот и заработуваат за живот преку негово рециклирање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top