Ознака: објекти

ohrid

Јанакиевски побара да се забрза постапката за легализација на дивоградбите

Post Views: 1 Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески испрати допис до градоначалниците во сите општини во Република Македонија во кој им укажува на законските рокови за донесување на актите предвидени со Законот за постапување со бесправни објекти, односно за решавање на предметите согласно овој закон. Во дописот се наведени и постапките кои се пропишани со закон во случаи градоначалниците да не ги решат овие предмети во рок од шест месеци од нивниот прием, односно не донесат решение за утврдување на правен статус во рок од 5 работни дена од плаќањето на надоместокот. „Писмото...

Continue reading

ohrid noke

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Post Views: 0 Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна. Контактиравме со сопственикот на објектот „Џез и блуз“ Павел Каралиев, кој потврди  дека добил 10 дневна забрана за работа, поради 10 минутното пречекорување на работното време. Покрај затворањето на објектот следува и парична казна од 2500 евра, согласно Законот за угостителска дејност. Паричната казна е иста и доколку се пречекори работното време и повеќе од 1 час од пропишаното,...

Continue reading

gliseri

Што треба да се случи за конечно да научиме?

Post Views: 2 Пред една година поради невнимание и неправилно налевање на гориво во пловен објект дојде до опожарување на еден  глисер во каналот „Студенчишта“.Катастрофата беше за влакно избегната. Само пред два дена, во водите на Охридското Езеро, повторно се запали глисер, кога исто така само поради чиста среќа, патниците извлекоа живи глави. Неофицијалните информации за тоа дека истиот ден глисерот бил сервисиран во Центарот за обука на вода, од Министерството за Одбрана ги отфрлија како шпекулации. Полковник Мирче Ѓоргоски, во телефонски разговор не информира дека станува збор...

Continue reading

zgardi

Легализацијата на дивоградбите, оди многу бавно

Post Views: 3 Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да  достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба. -Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември...

Continue reading

gliser

Министерството за одбрана не го сервисирало глисерот кој вчера експлодира

Post Views: 0 Неофицијално дознаваме дека сопственик на изгорениот глисер е познат приватен бизнисмен од Скопје, и дека истиот ден кога настанала несреќата, пловилото било сервисирано во Центарот за обука на вода, во каналот Студенчишта. Полковник Мирче Ѓоргоски, од Министерството за одбрана, во телефонски разговор не информира дека станува збор за шпекулација, а дека во центарот нема овластено лице кое врши сервис на пловни објекти, и дека доколку сервис на пловилото бил извршен, тоа било направено само приватно и организирано од страна на сопственикот на пловилото. Левиот док на...

Continue reading

А што со буката од плажите?

Post Views: 0 Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта. Многумина губат надеж и велат дека додека се изнајде решение ќе помине сезоната. Градоначалникот вели Неможе плажа да работи преку цела ноќ и прашува каде се инспекциските служби кои треба да ги затворат?“.   Во барањето кое група граѓани од урбана заедница 1 – Стар град го испратија на 26 јули до градоачалникот, советот и медиумите, покрај тоа што бараа да не се продолжува работното време на угостителските објекти, од медиумите...

Continue reading

Советниците и Локалната ги подржаа Охриѓани

Post Views: 0 Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти помина кај градските избраници, но откако беше изменета. Ова покажува дека реакциите на медиумите изминативе денови, но и апелот и петициите на жителите од стариот дел на Охрид стигнаа на вистинска адреса. Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се продолжува работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги, за 2 часа во деновите 29 и 30 јули 2011 година заради одржувањето на Илинденската регата и 1и 2 август...

Continue reading

Кој кому мачка очи?

Post Views: 0 На 36-тата седница на Советот на општина Охрид закажана за утре, советниците треба да се изјаснат за Предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во образложената Предлог-одлука за продолжено работно време, јасно е прецизирано во кои денови би се работело со продолжено работно време. Имено, од 150-тина дена до крајот на годинава, од Локалната предлагаат 76 дена да се работи со продолжено работно време, при тоа не образложувајќи по кој принцип се избрани деновите кога угостителските работници би работеле подолго од нормалното. Само...

Continue reading

Да се продолжи или не?

Post Views: 81 Продолжувањето на работното време на угостителските објекти редовно предизвикува сериозни реакции, кои се најизразени од страна на жителите на стариот дел на градот. Иако оваа летна туристичка сезона започна без најава за ваква промена и сите мислеа дека барем ова лето ќе помине без продолжено работно време на угостителските објекти, Градоначалникот Петрески реши уште некој час плус да ги држи жителите на Охрид будни во ситните саати. Дали неговиот предлог ќе добие зелено светло или не, ќе видиме на 37-та седница на Советот на општина Охрид, закажана за во четврток....

Continue reading

kajcinja

Капетанија за интервенции располагаат само со еден чамец

Post Views: 3 Бродовите, глисерите, кајчината  во случај на непријатности во езерските води, на невреме или  на дефекти  можат за помош да се обратат во Охридската капетанија. Единствено трагањето по пловните објекти Капетанијата го прави  во соработка со езерската полиција вели Капетанот Љупчо Настоски. Капетанот  истакнува дека ги информираат  управувачите на пловните објекти преку  флаери и  им ги доближуваат правилата и начините како да дојдат до нивните услуги во случај на потреба. Од Охридската капетанија информираат дека во случај на ризични ситуации интервенираат со три лица...

Continue reading

pushenje

Нема лабаво!

Post Views: 2 Угостителите и гостите може да заборават на нивната омилена комбинација, филџан кафе и цигарa. Повеќе нема лабаво! Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Паричните казни сега ќе се заменат со директно затворање на угостителскиот објект во кој не се почитува забраната за пушење. Фактот дека некои објекти упорно не го почитуваа законот, како да ги алармира пратениците, па така доцна синоќа Собранието експресно ги изгласа дополнувањата на Законот за заштита од пушење. Според последните измени и дополнувања, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при...

Continue reading

skuter

Скутерите ќе одмораат до 18 часот

Post Views: 0 Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top