Нема лабаво!

Непослушни угостители-потешки казни. Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Предупредувањето со парични казни заминува во историјата, а доаѓа директното затворање на објектите во кои не се почитува забраната за пушење. Охрид е еден од попослушните градови, но има и такви кои не го почитуваат законот. Во иднина од пазарната инспекција најавуваат нула-толеранција за прекршителите на законот.

 |  Мишел Наумоски  | 
pushenje
пушење

pushenjeУгостителите и гостите може да заборават на нивната омилена комбинација, филџан кафе и цигарa. Повеќе нема лабаво! Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Паричните казни сега ќе се заменат со директно затворање на угостителскиот објект во кој не се почитува забраната за пушење. Фактот дека некои објекти упорно не го почитуваа законот, како да ги алармира пратениците, па така доцна синоќа Собранието експресно ги изгласа дополнувањата на Законот за заштита од пушење.

Според последните измени и дополнувања, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при инспекциски надзор утврдат непочитување на забраната за пушење, веднаш да го затворат објектот. Затворањето ќе биде во траење од 7 дена за трговец-поединец и до 15 дена за правното лице. Инспекторите се воедно обврзани да изготвуваат квартални извештаи за утврдените неправилности кај физичките и правните лица и да ги објавуваат на веб страницата на Инспекторатот.

pushenjeВо разговор со раководителот на општинската пазарна инспекција, Ѓоко Бошалески, дознаваме дека Охрид спаѓа во еден од подисциплинираните градови. Тој вели: „Во Охрид, со мали исклучоци, се почитува законот. Преку 90 % од објектите ја почитуваа забраната за пушење, но имаше и такви кои одбиваа да го почитуваат законот.“ Бошалески додаде дека за 2010 година и за првиот квартал од 2011, тие извршиле 250 редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори се до летниот период, кога угостителските објекти ги отвораат своите летни тераси. Од овие 250 инспекциски надзори, биле изречени 14 платни налози во висина од 31 650 евра. Сепак се чини дека и оваа бројка не била доволна. Останува да видиме што ќе постигнат најновите измени на Законот за заштита од пушење, можеби сега, непослушните угостители малку ќе подразмислат пред да го прекршат законот.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top