Угостителските објекти имаат можност да се здобијат со национален „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“ и интернационален сертификат „SAFE TRAVELS“

Во новава туристичка сезона покрај стандардните протоколи во земјава, угостителските објекти треба да ги исполнуваат и глобалните препораки за пречекување на гости, сметување, начин на движење , одржување на хигиена во угостиелските објекти.

НУК: Новите препораки за организирање прослави ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти

Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти.

Решение за отстранување на времените објекти во автокамп Градиште по вонредната инспекција

Бетонски подлоги, недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти затекнале градежните инспектори при вонредниот надзор во автокампот Градиште. „Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи, стои  во записникот врз основа на кој Одделението за инспекциски надзор донесе Решение за отстранување на времените објекти.

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ КАЈ „САРАИШТЕ“

Општина Охрид по втор пат упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува претстојново лето да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството.

Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица.

На потегот од Метропол до селото Пештани денеска почна уривање на платформите во езерото и нелегални објекти на плажите

Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.

Да се отстранат пловните објекти од Сараиште

Општина Охрид,  упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат  од брегот кај плажата  „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата  која  се очекува  годинава да е посетена од  охриѓани и   туристи од земјава и соседството.

Пред почетокот на летната туристичка сезона плажите ќе бидат ослободени од нелегални објекти

Пред почетокот на летната туристичка сезона целото охридско крајбрежје ќе биде исчистено и плажите ќе бидат ослободени од нелегални објекти. Тоа е намерата на Градоначалникот Георгиески.  Дали во иднина ќе има некаков вид на организирани плажи зависи од урбанистичкиот план за крајбрежјето кој е во изработка од  Агенцијата за просторно планирање на Македонија, а согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Претставници на НУК на средба со „Охридски еснаф“ за воведување на сертификатот Clean&Safe во угостителските објекти

Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски денес во Охрид е на средба со првиот човек на здружението „Охридски еснаф“, Михаил Мишев и членките на комората и здружението.

Од денес до 20 април затворени угостителските објекти

Од денеска до 20 април ќе бидат затворени сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување. Оваа одлука ја донесе Владата, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19.