Ознака: објекти

Од денес стапуваат на сила новите правила за влез во објекти

Post Views: 1 Од министерството за здравство информираа дека почнувајќи од денес за влез во угостителските објекти, затворените шопинг центри и други објекти од затворен тип е потребно сертификат за извршена имунизација, со две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Инаку, досега за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19. Експертите сметаат дека одржувањето на социјалната дистанца и носењето на заштитна опрема и одржувањето на хигиената останува...

Continue reading

Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес

Post Views: 2 Земјотрес со јачина од  5,1 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри. Освен паника меѓу населението, земјотресот предизвика и оштетување на објекти кои се пријавени во ЦУК на бројот 195. Пријавени биле оштетувања на фасади, покриви, оџаци…Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да ја задржат присебноста за да не дојде до несакани последици. Во текот на изминатите две недели земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион во кој имаше над 800 земјотреси. По серијата...

Continue reading

15 контроли врз угостителски објекти и 66 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Post Views: 9 Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-09, Кичево-42, Дебар-1). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти.

Continue reading

СВР Охрид и ДПИ: Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор

Post Views: 0 Со цел доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана во Охрид и поголема заштита од вирусот Ковид 19, денеска СВР Охрид одржа работен состанок со претставници на угостителските објекти и надлежниот пазарен инспекторат. На угостителските работници им била нагласена неопходната примена и строго придржување до сите одредби на владата и комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со цел спречување на внесување и ширење на заразниот вирус, придржување до работното време и до другите...

Continue reading

Музичарите бараат од надлежните да им се овозможат музички настапи во живо во сите угостителски објекти

Post Views: 0 Мирен простест на членовите на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“. Испратија барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да пронајдат начин музичарите да ја работат својата работа како и останатите дејности. Игор Бежаноски, претседател на Здружението, кажа дека бараат музичарите да бидат вклопени во системот на работа во вонредна здравствена состојба. „Да се изменат членовите во Законот со кој се забранува организирање на жива музика во угостителските објекти. Сигурни сме дека со донесените протоколи за работа на угоститеските објекти...

Continue reading

На пет угостителски објекти на плажи им се пролонгираа опомените за престанок на работа

Post Views: 1 Од Државниот пазарен инспекторат од подрачната единица Охрид информираат дека е пролонгирана работата на 5 угостителски објекти на плажите кои требаа да се вратат во првобитна состојба. Нивните претходни опомени беа изречени да престанат со работа охридски угостителски објекти на плажите на 1 јули. „На барање на контролираните субјекти се пролонгирани од наша страна. Според Законот за инспекциски надзор треба да му се овозможи на субјектот да преземе одредени дејствија одстранување на предметии и други работи е кај неколку субјекти“. Ристески не може да прецизира, според...

Continue reading

Акцијата за отстранување нелегални објекти на плажите продолжи на Канео

Post Views: 0 Утрово на плажата Канео, како што беше најавено од општината,  продолжи акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. До денеска општината им даде рок на сопственици на објекти на потегот на крајбрежјето во делот на населбата „Канео“ како и Далјан и од „Свети Стефан“ до „Градиште“ на источното крајбрежје, сами да ги отстранат платформите и урбаната опрема кои нелегално ги поставиле. Туристичките работници сметаат дека со...

Continue reading

Угостителските објекти на плажите без концесија опоменети од ДПИ да престанат со работа

Post Views: 13 Угостителските објекти на плажите од Далјан до Пештани под лупа на Државниот пазарен инспекторат и УЈП. Инспекторите од ДПИ изрекле опомена на објектите кои биле затекнати да работат на плажите каде се истечени договорите за закуп и им дале рок да затворат до крајов на месецов. Ова доаѓа откако Владата со Уредбата за враќање на плажите во првобитна состојба ги овласти ДПИ и УЈП да вршат контрола на работата на угостителската дејност на економските оператори на крајбрежјето на Охридското Езеро и да затвора објекти. „Веќе Државниот пазарен инспекторат излезе на терен...

Continue reading

Започна отстранување на урбаната опрема и монтажни објекти на охридското крајбрежје

Post Views: 2 Со отстранување на шанкови и монтажни објекти утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското езеро, согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба и препораките на УНЕСКО. Од општина Охрид  информираа дека активностите започнале со отстранување  урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, лоцирани на крајбрежјето на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. По завршувањето...

Continue reading

Плажите на брегот на Охридското езеро ќе треба да се исчистат од објекти, шанкови, лежалки и да се вратат во првобитна состојба

Post Views: 22 Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските објекти , бидејќи договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја поздрави одлуката на Владата. -Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад и значително...

Continue reading

objekti struga

Ревалоризацијата на значајните објекти во Струга во завршна фаза

Post Views: 1 Значајните културно-историски објекти во Струга во завршна фаза од процесот на нивна ревалоризација. Иако станува збор за очигледно помал број на објекти кои ќе бидат реставрирани за разлика од она што се работи во Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска негира дека станува збор за некаква селективност кај министерството. Таа вели дека средствата од буџетот на министерството се распределуваат на конкурс и дека тие не можат да одвојат средства за некоја институција ако таа не се јавила на конкурс или не аплицирала со проекти. „ Нашите национални институции...

Continue reading

Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал

Post Views: 0   Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска. „Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците на глисерите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top