Post Views: 3
Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ. Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. За блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, велат од СДСМ. По освојувањето на локалната власт, за таквата состојба неоправдано и популистички...
Post Views: 1
Образовните центри од градов и охридската полиција на фронт против дрогата и достапнпста до најмладата популација. Денес од охридската гимназија „Св Климент Охридски“ отпочна реализацијата на проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, кој е продолжение на проектот „Дрога вистина и заблуди, кој СВР Охрид го спроведе во периодот од 2008 до 2012 година на подрачјето на општините кои ги покрива.
„Овој проект денеска е всушност по барање на професорите бидејќи според она што досега го имавме како информација го имавме од реализација на проектот „Дрога-вистина...
Post Views: 29
Pаботилница за рачна изработка на честитки по повод претстојните новогодишни празници во О.У. „Братство Единство“. Во пријатна атмосфера поткрепена со искрено дружење помеѓу учесниците на оваа работилница беа изготвени најразновидни новогодишни честитки. Карактеристично за овие честитки е тоа што тие се единствени и неповторливи, бидејќи секоја една честитка е лична креација на секој учесник одделно, вели педагогот Дрита Ќато. Додава дека со тоа децата покажаа дека постои меѓуетничка интеграција во образованието,
„Токму денес ова што се случува во училиштето е една...
Post Views: 4
Страшни долгови и блокирани сметки во образованието. Тоа е епилогот од владеењето на СДСМ до април 2013 година, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Сашо Донев од редовите на владеачката партија, нагласи дека граѓаните како податок мора да знаат дека во месец април во моментот кога градоначалникот Никола Бакрачески ја превзеде функцијата, блокираните сметки на училиштата во Охрид по основ направени долгови изнесува над 10 милиони денари.
„Деновиве сметката на ОУ “Григор Прличев” е блокирана за дополнителни 9 милиони денари, како резултат на неплатени обврски...
Post Views: 2
Охридската СДСМ со обвинувања до локалната самоуправа дека по преземањето на власта не направила никакви зафати во образованието. Според Оливија Пирузева-Јанева, изјавите на градоначалникот Бакрачески дека состојбите во образованието претходно биле катастрофални била нехумана и некоректна кон образовниот кадар. Таа го запраша Бакрачески според кои критериуми била извршена промената на претходните директори како и дел од наставниот кадар.
„Дали решавајќи ја животната судбина на сите шеесетина наставници, жртви на политичката борба, се реши невработеноста во општината?...
Post Views: 8
Доктор не се создава преку ноќ. Кажете ми каде да најдам рентгенолог , анестезиолог уште утре ќе го вработиме. Ваков е коментарот на министерот за здравство Никола Тодоров за проблемот со дефицитот на кадар на доктори во општата болница Охрид. Според него проблемот е наследен бидејќи во минатото воопшто не се водело сметка за човечките капацитети.
„Велите нема ренгенолози, нема анестезиолози, нема ни да се вработат, значи јас често кога ми го поставуааат ова прашање велам, да најдеме ренгенолог, анестезиолог кажете ми го кој е, ние ќе му се јавиме утре да го вработиме....
Post Views: 6
Денеска во Охрид беше отворена 5 -тата Меѓународна конференција „ИКТ Иновации 2013 “. Главна тема на денешната конференција ќе бидат иновациите во образованието, а денеска се зборуваше за отворени податоци. Токму за овој тип податоци министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Р М се залагаат веќе неколку години, со цел да му овозможи на приватниот сектор, да ги искористува податоците, што ги имаат државните институции со кои податоци, во Европската Унија обртот односно ДДВ во однос на економијата на ЕУ достигнува до 60 милијарди евра годишно.„Очекувам...
Post Views: 7
Проблемите во охридските училишта испливаа на површина. Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид на десетата седница на совет обелодени дека ниту едно училиште од градов не може да извади имотен лист бидејќи никој досега не се потрудил да ги евидентира во катастар како нивна сопственост. Тоа предизвикува низа проблеми, објасни Спасески при нивната реконструкција и санација бидејќи дел од нив веќе се влезени во програмата на Министерството за образование за 124 реконструкции на училишта низ државава.
Најголем приоритет на Локалната е да ги реши натрупаните проблеми...
Post Views: 1
Директорите на образовните институции во градов имаат рок до утре да си поднесат оставки, открива директорот на охридската гимназија Наум Рилкоски. Тој за ТВМ потврдува дека бил повикан во општината на состанок на кој му била побарана оставка, но смета дека начинот на кој се туркаат кадровските промени во образованието во Охрид не се желба на градоначалникот Бакрачески.
„Лично од градоначалникот не сме биле повикани, а точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки на ниво на директори на основни и средни училишта, јас лично кажувам за мене. И мислам дека ова не...
Post Views: 6
Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците. Основците се оптоварени со обемна наставна содржина, без пракса зачинета со стрес од екестерното оценување. Ова се дел од размислувањта на сите директно засегнати субјекти од наставните програми во образовниот процес. Учениците во трето оделение по предметот Запознавање на општеството учат за градскиот совет, функцијата на градиначалникот или претседателот на Совет, а никогаш не биле во посета на овие...
Post Views: 6
Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори.
Во изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески.
„Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се врши...
Post Views: 4
Причина потпишувањето на меморандумот на соработка помеѓу градоначалникот Александар Петрески и претседателот на СОНК, Ацо Речкоски. Имено на чинот на потпишувањето на овој значаен документ за двете страни и пресс конференцијата потоа како што е ред, беше поканета и седмата сила. Се добро започна и професионално се заврши тематскиот дел, за потоа и овој пат да се испочитува практиката на градоначалникот со која им дозволи на новинарите да поставуваат прашања од интерес на јавноста од различни области. Но ова очигледно им засмета на поединци од СОНК.
„Охридските...