ФТУ домакин на Меѓународна конференција на ИКТ технологија

Иновациите во образованието тема на Меѓународната конференција „ИКТ Иновации 2013 “, која се одржува во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
IKT konferencija
ИКТ конференција

Денеска во Охрид беше отворена 5 -тата Меѓународна конференција „ИКТ Иновации 2013 “. Главна тема на денешната конференција ќе бидат  иновациите во образованието, а денеска се зборуваше за отворени податоци. Токму за овој тип податоци министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Р М се залагаат веќе неколку години, со цел да му овозможи на приватниот сектор, да ги искористува податоците, што ги имаат државните институции со кои податоци, во Европската  Унија обртот односно ДДВ во однос на економијата на ЕУ достигнува до 60 милијарди евра годишно.
IKT konferencija
„Очекувам дека со присуството на приватниот сектор и на академијата на оваа конференција ќе се забраза начинот на искористувањето на податоците во Р Македонија кои институциите ги отвораат, а за тоа да биде сигурно веќе министерството за информатичко општество и администрација подготвува нов закон за отворени податоци со кои институциите ќе се обврзат навремено да ги отвораат сите податоци кои што ќе можат да ги направат достапни во дигитална форма, односно во машински формат за да може приватниот сектор да развива web базирани решенија со кои ќе можат и да ги продаваат, да имаат нов бизнис, но и да им се овозможат граѓаните да ги добиваат информациите на многу поефикасен и поедноставен начин“, истакна министерот за информатичко општество, Иво Иваноски.

 Министерот тврди дека со инвестициите кои ги направи владата во образованието, Македонија стана предводник на Балканот. Ивановски додава дека можеме да се пофалиме дека сме водичи во регионов и со проектот компјутер за секој ученик и со лабораториите кои се набавени во училиштата посебно во високото образование.
Во врска со тоа колку македонските иновации се бараат на странскиот пазар, Иваноски додаде дека тоа зависи од самиот пазар и додаде дека битно е да се вложува во иновациите, за што македонската влада има и фонд за иновации со цел да се стимулира и приватниот сектор.
Според професорот Владимир Трајковиќ, продекан на ФИНКИ, на конференцијата годинава е значително зголемено присуството на гости од странство.

„Ова е меѓународна конференција  и оваа година во избоорт на најдобрите трудови учествуваат 222 професори од 50 земји од целиот свет.  Ние сме среќни што оваа година имаме значително зголемено присуство на гости од странство. 25 те труда од околку 80 пријавени ќе бидат публикувани од реномираниот издавач на академски публикации СПРИНГЕР,. Тоа е најпознатиот Македноски издавач во Европа“, истакна продеканот на ФИНКИ проф. Д-р. Владимир Трајковиќ.

IKT konferencijaНеговиот колега и продекан на истиот факултет, професорот Анастас Мишев, појасни дека годинешната конференција е спонзорирана од  познати фирми од ИКТ индустријата и образованието.

„Годинешнава  конференција е спонзирана од Мајкрософт од Оракл од Смарт. Најголемите проиведувачи на интереактивни табли, од компанијата Илар Медија од Словачка и од голем број македонски компании кои вложуваат во ИКТ образованието за своите потреби“, истакна продеканот на ФИНКИ, проф. Д-р. Анастас Мишев.

За деканот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид каде што се одржува овој настан, освен што на оваа високообразовна установа ќе се слушнат најновите ИКТ-иновации во образованието,и студентите по туризам и угостителство ќе имаат можност да се претстават со свои иновации во својот домен.

„Она што можам да потенциам е дека коктелите на оваа конференција се вообичаено подготвени од нашите студенти. И покрај ИКТ иновациите ние спремаме денес иновации во исхраната кои ќе бидат резентирани на нашите гости“, истакна прод. Д-р Сашо Коруноски – декан на ФТУ.

Интернационалната конференција посветена на иновациите, пред се во образованието ќе трае до 15-ти септември. Се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија и градот Охрид. Учествуваат над 200 професори и експерти од 50 земји во светот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top