Новинарите трн в око на регионалниот синдикат на СОНК

Професионалноста на охридските новинари им засмета на дел од членството на СОНК – регионална канцеларија Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
memorandum na sorabotka
меморандум на соработка

Причина потпишувањето на меморандумот на соработка помеѓу  градоначалникот Александар Петрески  и претседателот на СОНК, Ацо Речкоски.  Имено на чинот на потпишувањето на овој значаен документ за двете страни и пресс конференцијата потоа како што е ред, беше поканета и седмата сила.  Се добро започна и професионално се заврши тематскиот дел, за потоа и овој пат да се испочитува практиката на градоначалникот со која им  дозволи на новинарите да поставуваат прашања од интерес на јавноста од различни области.  Но ова очигледно им засмета на поединци од СОНК.

„Охридските новинари занесени од градоначалникот ги игнорираа синдикалните лидери на СОНК, држејќи memorandum na sorabotkaги еден час како заложници при чинот на потпишување на меморандумот“, се вели во реакцијата од СОНК. Тие прашуваат Што направивте Вие на овој на овој брифинг*, на оваа прес-конференција?! Подобро да прашаме :ШТО БАРАВТЕ ВИЕ  на потпишувањето на овој значаен документ Меморандум за соработка на СОНК и Локалната, што баравте , ако не Ве интересираат проблемите или прашањата  од Образованието и од синдикалното здружување?!Ах, да!!! : Вие сте заинтересирани само за дупките, базените и парковите, а донекаде и за деталните урбанистички планови , но не најдовте ни малку професионално љубопитство, па ни куртоазно поздравување и поддршка на потпишаниот документ, и уште помалку : ниту едно прашање не упативте во врска со меморандумот, ниту со образованието !!!“, велат од СОНК.
Ги запрашуваме од СОНК дали ги следеа вестите во понеделникот кога скоро сите информативни блокови во Охрид на скоро сите медиуми започнаа токму со веста за потпишувањето на меморандумот. Или пак нивната сконцентриранот беше исклучиво на средбата, па немаа време да проследат до крај кој и што напиша.   
Новинарите кои го следеа настанот крајно разочарани од односот на СОНК.  Тие се категорични дека не им доликува на интелектуалците кои се одговорни за образованието на децата, да реагираат на ваков начин, за нешто што не држи.

„Сметам дека не само тој ден туку за тој настан информиравме за овој настан околу сите тие чекори кои претходеа на потпишување на меморандумот околу средбите кои се одржуваа и подготовките околу се што се случуваше конкретно овој чин. Би додала дека сепак за посатвување на прашања надвој од темата е вообичана пракса кај новинарите за да се искористи присуството незавосно дали станува збор за градоначалникот, министер или претседател на здружение. Би додала дека оние зборови кои што се употребувани во реакцијата на СОНК во врска со омаловажувањето на новинарската професија не прилегаат за просветните работници“, вели новинарот од оhridnews, Тања Кувенџиска.

„Незнам зошто се најдоа повикани членството на СОНК дека биле маргинализирани. Не беше на нив да ја отценат  работата, може слободно да излезат и да остават ние да си ја завршиме нашата работа. За тоа како ја завршивме ние работата мислам дека остануваат нашите дела. Јас сум изненаден и верувам дека ќе мора раковоствсото на регионалниот одбор да се огради од вакви квалификации затоа што верува дека тоа не е став на членството на СОНК“, новинарот од МИА, Александар Бачиќ.

И ЗНМ канцеларија Охрид реагира на обвинувањата на СОНК упатена на адреса на охридските новинари. memorandum na sorabotka„Недопсутливо е Синдикатот на вработените во образованието, науката и и културата –СОНК – Охрид, да се обидува да дели лекции и да ги учи новинарите како да работат, што да прашуват и пишуваат, што претставува загрозување на слободата на медиумите и грубо мешање во нивната уредувачката политика“, велат од ЗНМ.

Револтот на новинарите го разбираат  и од локалната самоуправа. Портпаролот Симон Илиевски инаку долгогодишен новинар вели:„ Надозволено е поединец или група луѓе да се обраќаат кон една многу важна професија како што е новинарството што е и темел на демократијата“.  

„Бидејќи се работи за напад на една професија, тешка професија како што е новинарството за која велат дека е како леб со седум кори недолично е со таков речник дали поединец или институција да им се обраќа на новинарите бидејќи тие во интерес на јавноста и на граѓаните си ја вршат својата работа, а градоначалникот Петрески има интерес и на новинарите и на граѓаните и на јавноста  да им одговра на сите прашања кои се од интерес на јавноста“, вели портпарол на општина Охрид, Симон Илиевски.

Зад честа на новинарите застана и градоначалникот Александар Петрески.  Во дописот од кабинетот на градоначалникот се вели:

„Во СОНК би требало да знаат дека , во интерес на јавноста , по завршувањето на тематскиот дел , градоначалникот Александар Петрески, дозволува новинарите да поставуваат и други  прашања. Ваквата практика на охридскиот градоначалник позитивно ја оценуваат новинарите и велат дека тој е од ретките функционери кој секогаш е подготвен да одговара за било кое прашање кое е во интерес на јавноста и граѓаните“ велат од кабинетот на Петрески.

Стапивме во контакт и со престедателот на СОНК регионална канцеларија Охрид, Ацо Речкоски. Тој  во телефонскиот разговор ни кажа дека утрово го информирале за дописот кој до медиумите го испратиле некои од членовите на СОНК. Ни истакна дека Сонк се оградува од размислувањата на индивидуа од оваа регионален огранок , која сака да влезе во војна со медиумите и со локалната власт. Охридските новинари очекуваат јавно извинување од СОНК без оглед дали навредите се од поединец или генерално мислење на нивната регионалната канцеларија.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top